verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Целосно обратен текст

on 22 - 03 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

protest

 [Рецензија: СДСМ против народот и институциите]

 

Текстот што е предмет на оваа анализа е целосно необјективен, изнесува куп невистини и шпекулации. Во него нагласено пристрасно се брани една страна, притоа се извртуваат фактите и се напаѓа другата страна.

СДСМ против народот и институциите NetPress NetPressЛинк до оригиналниот напис: СДСМ против народот и институциите

Датум и време на објавување: 15.03.2016, 19:58

Датум на рецензирање: 21.03.2016

Рецензент: Симона Атанасова

 

КОЈ ОРГАНИЗИРАШЕ КОНТРАПРОТЕСТ?

Во текстот (што е преземен од друг медиум, но не е линкуван) се вели дека на протестот организиран од ГРОМ за одбрана на институциите имало 6.000 луѓе. Меѓутоа, оваа бројка е „напумпана“, а тоа може да се забележи од сликите објавени во медиумите , на кои се гледаат многу помалку луѓе кои го „бранат“ Уставниот суд.

Констатацијата дека СДСМ организирала контрапротест е неточна. Сосема обратно. Откако граѓанската иницијатива „Ајде“ најави протест пред Уставениот суд, на кој се приклучи и СДСМ, лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, организира контрапротест пред овој суд.

„На контрапротестот кој вечерва го организира СДСМ, забележани се околу 200 луѓе членови на СДСМ со црни маски на лицето- фантомки, спремни за правење на инциденти и спроведување на деструкцијата.“

Потврда за напишаното обвинување нема никаде. Нема ниту една слика од лица со црни маски ниту, пак, каква било поврзаност помеѓу овие лица со опозициската партија. Згора на сè, написот без никаков доказ тврди дека лицата биле подготвени за инциденти, иако такво нешто воопшто не се случи на протестот организиран од граѓанската платформа „Ајде“.

 

РЕДАРИ И ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ

Исто така, сосема паушални се тврдењата дека на овој протест имало редари кои ги евидентирале присутните. Во текстот нема ниту слика ниту, пак, изјава од некој што сведочи дека навистина било така.

„Меѓу протестантите на СДСМ се забележуваат и списоци и редари кои ги евидентираат присутните. Според информациите, на протестот на СДСМ исто така има присутни и криминалци со дебели досиеа познати во градот Скопје.“

Наспроти ваквите наводи, дел од медиумите објавија дека редари биле забележани во спротивниот табор. Имено, иако во написот се вели дека на протестот со автобуси се носеле вработени од општините кои се под раководство на СДСМ,  таков „организиран превоз“ на административците, медиумите и граѓанските организации забележаа кај спротивниот протест, односно кај поддржувачките на ГРОМ.

Во текстот се вели:

„Според информациите, на протестот на СДСМ исто така има присутни и криминалци со дебели досиеа познати во градот Скопје“,

но нема ниту еден доказ што би го направило ова обвинување верно. Нема извор кој ги потврдува овие податоци ниту, пак, е прашано Министерството за внатрешни работи дали навистина вакви лица биле присутни на протестот.

Па, гледано во целина, на читателите им е понудена тенденциозна и исклучиво необјективна медиумска содржина, во која целосно се прекршени стандардите на добрата новинарска практика.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести