Рецензии

Со сите сили удри по Ванхауте!

на 16. 03. 2016 | | sq

[Рецензија: Жесток одговор на провокациите на Ванхојте: Од некогашен олеснувач, до некој кој лае и никој не го сфаќа сериозно]

  Текстот што е предмет на оваа рецензија е навредлив и содржи говор полн со омраза кон белгискиот олеснувач Питер Ванхауте. Потпирајќи се само на коментари од граѓани кои, наводно, биле изреволтирани од однесувањето на Ванхауте, написот има цел да ја дискредитира работата на посредникот. Во него воопшто нема ниту образложение за кои провокации на Ванхауте граѓаните, наводно, реагираат, како што е посочено во насловот. Линк до оригиналниот наслов: Жесток одговор на провокациите на Ванхојте: Од некогашен олеснувач, до некој кој лае и никој не го сфаќа сериозно Датум и време на објавување: 11.03.2016 Датум на рецензија: 15.03.2016 Рецензент: Силвана

Новинарот пишува вести, а не гласини и толкувања на „сништа“

на 15. 03. 2016 | | sq

Напис: ДПА на Тачи признава дека во Сарај ја снемува, Беким Фазлиу може да стане пратеник само „во сон“

Скопје, 9 март – Претседателот на разгранокот на ДПА во Сарај, Сефедин Алиу, на индиректен начин признава дека еден голем број активисти на Мендух Тачи преминуваат во ДР-ДПА, како што е случајот со Евзал Адеми од селото Буковиќ, кој синоќа отворено призна дека преминува во партијата на Али Ахмети, односно во ДУИ. Според претседателот на разгранокот на ДПА, Алиу, лицето Евзал Адеми од Буковиќ е со Села и не е со ДУИ, но синоќа „Журнал“ првпат ја објави веста по барање на Евзал Адеми, кој јавно се изјасни дека конечно застанува во редовите на албанската партија на власт, ДУИ. Преминувањата на

Пораките испратени, вистината заборавена

на 15. 03. 2016 | |

[Рецензија: Граѓаните од цела Македонија едногласни: избирачкот список е нова лажна причина на СДСМ за бегство од избори на 5-ти јуни]

  Ова е еден од тие написи во кои насловот навистина ви кажува сè. За еден новинарски текст тоа и не е невообичаено, затоа, впрочем, и служат насловите – тие се дестилат на содржината. Но, во овој случај, насловот на читателот му испраќа и најмалку две пораки. Првата е таа дека целосно е поддржан наративот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, актуелен изминативе неколку месеци, дека опозицискиот Социјалдемократски сојуз не сака предвремени избори и дека постојано бара причини договорените избори да ги одложи, а сега го користат избирачкиот список како изговор.
Втората е дека многу лесно се оперира со фрази како „граѓаните

Пуста желба да си замине Ванхауте!

на 15. 03. 2016 | | sq
 

[ОФИЦИЈАЛНО: Нема да има преговори за медиумите, Ванхауте си заминува од Македонија]

  Не треба голема мудрост за да се препознае вистинската намера на текстот што го рецензираме: да се оцрни ликот и делото на олеснувачот Питер Ванхауте, што, пак, е на линија со ставовите и на постапките на владејачката партија кога е во прашање белгискиот преговарач. Во напливот на „емоции“, написот прави суштински пропусти, кои се недозволиви во новинарството. Тоа се непровереност, несодржајност, невистинитост и необјективност. Линк до оригиналниот напис: ОФИЦИЈАЛНО: Нема да има преговори за медиумите, Ванхауте си заминува од Македонија Датум и време на објавување: 10.3.2016, 12:15 Датум на рецензирање: 14.03.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

КОЈ ПОТВРДИЛ ДЕКА ВАНХАТУТЕ ЗАМИНУВА?

Но, да почнеме по ред. Насловот

Извитоперена порака

на 15. 03. 2016 | | sq

[“Хојт Ли до Катица Јанева: не ја партизираj работата на обвинителството”]

  Написот што е предмет на оваа рецензија претставува класичен пример за невистина и за манипулација. Имено, во текстот е изваден дел од официјално соопштение, кој е извртен, намерно погрешно преведен, така што сосема му е сменета суштината. Линк на оригиналниот напис: “Хојт Ли до Катица Јанева: не ја партизираj работата на обвинителството” Датум и време на објавување: 09.03.2016 Датум на рецензирање: 14.03.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

НЕВИСТИНА И МАНИПУЛАЦИЈА

Во самиот наслов и на почетокот од текстот се нагласува дека високиот американски функционер Хојт Ји, при посетата на Специјалното обвинителство и средбата со Катица Јанева ѝ упатил остра порака на специјалната обвинителка, да не ја партизира работата на

Нов текст со стара вест, само за некој клик плус

на 14. 03. 2016 | | sq

Напис – Фотовест: Се „албанизира“ Зоран Заев, прави кампања со албанското национално знаме

Скопје, 6 март – Сликата на Зоран Заев со едно албанско национално знаме стана вистински хит по социјалните мрежи. Таа се споделува на големо, и од една страна некои ова го коментираат како еден гест за подобар соживот со Албанците, пишува „Журнал.мк“. Од друга страна, има и остри критики дека Зоран Заев ги користи Албанците за да добие гласови на изборите кои ќе се одржат на 5 јуни 2016 година.

[Рецензија: Се „албанизира“ Зоран Заев, прави кампања со албанското национално знаме]

Денес некои медиуми веќе не одбираат методи за некое кликнување плус на нивните интернeт-страници. Во вакви случаи, професионализмот редовно станува елемент од втор ред. Рецензираниот текст

Кој потврдил дека нема фантомски гласачи?!

на 14. 03. 2016 | |
 

[Рецензија:Нема фантомски гласачи ниту двојни уписи во Избирачкиот список]

  Во општественото милје во кое во центарот на јавниот интерес е избирачкиот список, прилогот со вешти манипулации, извртени факти и со дискредитација на политичките противници, без аргументи ги брани позициите на власта и уште во насловот тврди нешто што допрва треба да се провери: Нема фантомски гласачи ниту двојни уписи во Избирачкиот список“. Притоа, ги сокрива фактите, манипулира со наменски срочени формулации на одредени реченици за да ја „сврти водата на својата воденица“. Линк до оригиналниот напис: Нема фантомски гласачи ниту двојни уписи во Избирачкиот список Датум и време на објавување: 9.03.2016 17:04 Датум на рецензирање: 10.03.2016 Рецензент: Александар Писарев  

АКТУЕЛЕН ИЛИ ПОРАНЕШЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДИК?

Текст со погрешен наслов

на 14. 03. 2016 | | sq

[Рецензија: ПРВА ЖРТВА ОД ПОПЛАВИТЕ ВО СРБИЈА – Се удави маж во Ѓаковица]

  Написот што е предмет на анализа има погрешен наслов. Во него се вели дека првата жртва на поплавите во Србија бил маж од Ѓаковица, а, всушност, градот Ѓаковица не се наоѓа во Србија, туку во друга држава – Косово. Линк до оригиналниот напис: ПРВА ЖРТВА ОД ПОПЛАВИТЕ ВО СРБИЈА – Се удави маж во Ѓаковица Датум и време на објавување: 07.03.2016 Датум на рецензирање: 11.03.2016 Рецензент: Симона Атанасова  

ЃАКОВИЦА Е ОПШТИНА ВО КОСОВО

Иако насловот е погрешен, подолу во текстот стои така како што треба, дека првата жртва е од Косово, од селото Дол во Општина Ѓаковица. Во слободната енциклопедија „Википедија“ е наведено дека:

Партиски став и новинарски текст, не е исто

на 14. 03. 2016 | | sq

[Рецензии: Медиумите блиски до СДСМ, а финасирани од Сорос не ја кажуваат вистината]

  Текст со неавторска содржина „крунисан“ со авторски наслов. Станува збор за непринципиелен микс на чисто партиско соопштение со, повеќе или помалку, новинарски искована насловна конструкција.  Линк до оригиналниот напис: Медиумите блиски до СДСМ, а финасирани од Сорос не ја кажуваат вистината Датум и време на објавување: 09.03.2016 13:10 Датум на рецензирање: 10.03.2016  Рецензент: Владимир Мирчески  

 ПАРТИСКО СООПШТЕНИЕ СО АВТОРСКИ НАСЛОВ

Имаме партиско соопштение безмалку пренесено од А до Ш, без каква било вистинска новинарска интервенција. Во ред, би можело да помине така, ако, пред сè, насловот бил поинаку конструиран. Попрецизно, формулиран е како да е наод, заклучок на тој што го пишувал текстот, демек е резултат

Две секунди за спин!

на 11. 03. 2016 | | sq
 

[Рецензија: Спасовски манипулира како Заев: За него кршењето на крстот не е нарушување на јавниот ред и мир]

  Овој текст е класична спинерска конструкција, креирана за да се оцрни техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски. За таа цел се искористени само две секунди од одговорот на Спасовски на новинарско прашање, поврзано со тензичните настани во Бутел ( кои настанаа по поставувањето камен-темелник за 55-метарски крст, кога за малку ќе дојдеше до судир на две групи граѓани), при што комплетно се изместува контекстот на неговата изјава. Линк до оригиналниот напис: Спасовски манипулира како Заев: За него кршењето на крстот не е нарушување на јавниот ред и мир Датум и време на објавување: 6.03.2016, 17:47 Датум на рецензирање: 10.03.2016