verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Со сите сили удри по Ванхауте!

on 16 - 03 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

vanhaute

[Рецензија: Жесток одговор на провокациите на Ванхојте: Од некогашен олеснувач, до некој кој лае и никој не го сфаќа сериозно]

 

Текстот што е предмет на оваа рецензија е навредлив и содржи говор полн со омраза кон белгискиот олеснувач Питер Ванхауте. Потпирајќи се само на коментари од граѓани кои, наводно, биле изреволтирани од однесувањето на Ванхауте, написот има цел да ја дискредитира работата на посредникот. Во него воопшто нема ниту образложение за кои провокации на Ванхауте граѓаните, наводно, реагираат, како што е посочено во насловот.

VanhauteЛинк до оригиналниот наслов: Жесток одговор на провокациите на Ванхојте: Од некогашен олеснувач, до некој кој лае и никој не го сфаќа сериозно

Датум и време на објавување: 11.03.2016

Датум на рецензија: 15.03.2016

Рецензент: Силвана Жежова

 

ТЕКСТ ПОЛН СО ОМРАЗА

При пишување на новинарски текст, една од задачите на новинарот е да знае на какви извори се потпира, колку истите се релевантни, каква е содржината што ја цитира. Доколку навистина се работи за коментари на граѓани, недозволиво е да се пренесуваат ставови во кои има говор на омраза и кои неосновано и без факти се обидуваат да го урнат угледот на една јавна личност, во случајот политичар кој доаѓа од друга држава. Воопшто не е етички, ниту професионално, однесувањето на некој човек да се спореди со однесување на животно.

„Ван Хојте од некогашен олеснувач на меѓународната заедница сега се претвори во една обична џукела. Оди низ улиците во Скопје и лае против ВМРО. Како и на секоја џукела, никој не му се плаши и никој не го сфаќа сериозно, ниту му одговара на празното лаење.“

Понатаму во текстот се дава еден коментар со кој се брани ваквиот став на граѓаните и со кој се зазема  страна.

„На граѓаните им е преку глава од дискредитациите, навредувањето и омаловажувањето на овој човек. Затоа тие жестоко му порачуваат да престане да лаже и да го смени неговото однесување бидејќи е непожелен.“

 

НЕДОЛИЧЕН ГОВОР

Без факти и без аргументи за работата на белгискиот олеснувач Ванхауте, оваа објава е приказна од типот рекла-кажала, напишана со исклучително недоличен речник кој се граничи со примитивизам. Во неа  целосно затаиле стандардите на етички исправното новинарство, при што се прекршени повеќе одредби од новинарскиот Кодекс, меѓу кои и членовите 10 и 15:

Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).  (член 10)

Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката. Неспојливо со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста. (член 15)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести