verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Да се „убие“ гласникот на лошата вест!

on 16 - 03 - 2016       

 

aleksov

[Рецензија: Алексов со нова задача од Заев за смислување на алиби за бегство од изборите]

 

Ова е уште едно во низата клеветнички четива, кое се фокусира исклучиво на една личност наместо на проблемот. Имаме обид за дефокусирање на јавноста на која намерно не ѝ  се нуди општата, генералната слика за ситуацијата со избирачкиот список, туку ѝ се продава приказна за наводна ваква или онаква поврзаност на опозицијата, со луѓе од невладиниот сектор кои имаат допирна точка со изборниот процес. Без дилеми, спин!

1111Линк до оригиналниот напис: Алексов со нова задача од Заев за смислување на алиби за бегство од изборите

Датум и време на објавување: 12.03.2016 15:54

 Датум на рецензирање: 15.03.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

 СПИН-ТЕЗИ

Имаме нови обвинувања на адреса на првиот човек на „Мост“, организација која, меѓу другото, се занимава со изборна проблематика. Заедничка точка со претходните атаци е дека повторно има сериозен недостиг од аргументи и од докази. Отсуството на саглам новинарски алатки се компензира со спин-тези.  Зошто е чудно тоа што споменатата личност во својство на директор на „Мост“ ги повика граѓаните да пријавуваат нерегуларности во избирачкиот список?

Па, на Алексов тоа му е работа – на интернет-страницата на оваа граѓанска асоцијација јасно се вели дека нејзина цел е „зајакнување на македонската демократска култура, зголемување на демократскиот капацитет на граѓанските здруженија, институциите и политичките актери…“ Во ова, секако, влегуваат и изборите како еден од врвните принципи на демократијата во секоја нормална земја.

 

НАКАЛЕМУВАЊЕ

Но, не е неочекувано што неговиот повик веднаш е злоупотребен за да му се накалеми партиско милје – демек тоа го правел по налог на опозицискиот СДСМ. Аха, а каде се фактите за таквото тврдење? Се подразбира дека ги нема, а на сметка на тоа има шпекулации.

„Останува нејасно зошто Алексов излегува со вакво барање, кое е налик барањата и повиците на лидерот на СДСМ, Заев, токму оваа година. Истиот избирачки список се користи десетици години наназад и со него досега се одржале многу парламентарни, локални и претседателски избори. Алексов ниту еднаш досега немаше ништо против избирачкиот список на пример во 2005-та година за локалните избори, во 2006-та или пак во 2002-та година кога на парламентарни избори победи СДСМ.“

Ако некому му е нејасно зошто баш сега, за овие избори се преземаат чекори за расчистување на прашањето за избирачкиот список и зошто сега Дарко Алексов и неговата асоцијација, меѓу другите, повикуваат на конечно затворање на тој проблем, еве ќе наведеме неколку изјави и документи од релевантни меѓународни институции и дипломати кои го велат истото:

…Ревизија на избирачкиот список... (Договорот од Пржино);

…Вклучувајќи мерки што ќе овозможат поголема медиумска слобода, ревидиран избирачки список… (изјава на амбасадата на САД и делегацијата на ЕУ);

…Владејачките партии мора веднаш да преземат сериозни напори за избирачкиот список… (изјава на еврокомесарот Јоханес Хан);

Значи, ова не е прашање што сега, туку-така, му текнало на Алексов да го актуализира, туку е проблем што се провлекува со години и за кој, како никогаш досега, има подготвеност и од домашната јавност и од меѓународната заедница за решавање. Меѓутоа, бидејќи темата некому не му се допаѓа, веднаш се прават напори за нејзино помрачување преку медиумско егзекутирање на тој што ја начнува, во стилот: „Убијте го гласникот што носи лоша вест“!

 

ОЦРНУВАЊЕ

Во целата приказна се меша сè и сешто, од „политички наредби преку партиски определби, па сè до личен имот и како е тој стекнат“. Реално, во ситуацијата со и околу избирачкиот список, личниот имот на Алексов нема никаква врска. Ако се имаат индиции, докази што укажуваат на незаконитости или, како што се тврди, матни зделки, тогаш има надлежни институции што треба да го проверат тоа. Ама, во целата комплексност на материјата со списокот, дотурање обвинувања за личниот имот на Алексов е само обид за замајување на публиката. Настрана што како извори за тоа што поседува споменатата личност се користат медиуми, и тоа именувани.

Изблиците на пристрасност и тендециозниот пристап се елементите кои веднаш се забележежуваат во текстот, кои на моменти се вкалупуваат и во некакви форми на коментар:

„Се поизвесно е дека Алексов ја исполнува партиската агенда на Заев, се со цел бегство од изборите. Дека за одработка на агендата е финансиски наградуван, пишуваа медиумите, кои открија дека во деловодните книги на МОСТ може да видат 4 милиони евра свртени за неколку години.“

Многу оцрнување, коментари, шпекулации и спин, а премалку вистинско новинарство.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

релевантни, нерелевантни

не може да се утврди

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести