verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Кој потврдил дека нема фантомски гласачи?!

on 14 - 03 - 2016       

 

fantomi

[Рецензија:Нема фантомски гласачи ниту двојни уписи во Избирачкиот список]

 

Во општественото милје во кое во центарот на јавниот интерес е избирачкиот список, прилогот со вешти манипулации, извртени факти и со дискредитација на политичките противници, без аргументи ги брани позициите на власта и уште во насловот тврди нешто што допрва треба да се провери: Нема фантомски гласачи ниту двојни уписи во Избирачкиот список“. Притоа, ги сокрива фактите, манипулира со наменски срочени формулации на одредени реченици за да ја „сврти водата на својата воденица“.

http___sitel.com.mk_nema-fantomskiЛинк до оригиналниот напис: Нема фантомски гласачи ниту двојни уписи во Избирачкиот список

Датум и време на објавување: 9.03.2016 17:04

Датум на рецензирање: 10.03.2016

Рецензент: Александар Писарев

 

АКТУЕЛЕН ИЛИ ПОРАНЕШЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДИК?

Во првиот дел од текстот, без да се спомене изворот, се прераскажни инсерти од  еден ден предходно емитуваната емисија „Топ-тема“ на телевизија „Телма“, во која пратеникот од дијаспората во парламентот, Павле Саздов, ги брани позициите на владејачката партија дека избирачкиот список е во ред и дека опозицијата намерно манипулира со наводни неправилности. Написот свесно ја елиминира втората страна која има спротивни агрументиј со што текстот е едностран и неизбалансиран.
За да добие прилогот „тежина“, пред камерата е ставен Александар Новаковски, кој е претставен на таков начин што се добива впечаток дека е актуелен претседател на Државната изборна комисија предложен од опозицијата.

„Новаковски кој на челната позиција на ДИК дојде како предлог на СДСМ смета дека воведувањето на апликацијата за проверка на избирачкиот список  внесе непотребна забуна меѓу гласачите и им остави простор на партиите да лицитираат со адреси и да будат недоверба кај гласачите во избирачкиот список.“

Во овој дел на текстот има кратки коментари, вметнати за да се добие впечаток дека и „нивните се против нив и ги бранат позициите на власта“. На соговорникот му е „ставено в уста“ и нешто што тој во прилогот не го кажал.

 

ГЛАВАТА ВО ПЕСОК

Сокриена е вистината дека Новаковски поради манипулацииите во ДИК уште во февруари 2011 година поднел оставка на оваа функција. Тоа требало јасно да се каже при неговото претставување и да не се остава простор за дилемата дали е тој и понатаму на челната позиција во ДИК.

Вториот дел на текстот содржински е стереотипен и неаргументиран напад и дисквалификација на опозицијата и на медиумите кои мислат спротивно од власта. По кој знае кој пат, без докази и неаргументирано, ставени се под сопственичката структура на Сорос. Иако таква институција во Македонија не постои, а овој израз медиумите блиски до власта го користат во пејоратив да се дисквалификува Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија, што според стандардите на професијата не е дозволено.
Неаргументирано се напаѓа и министерот за внатрешни работи, со обвинение дека не презема ништо околу избирачкиот список. Прилогот не побарал и мислење од министерот за да ја чуеме и втората страна, што е основен принцип и обврска во новинарската професија. Ако бил одбиен од страна на министерот, тоа требало да се каже во текстот.

„Оливер Спасовски не презема никакви активности што отвора простор за сомнеж дека опозицијата свесно ја одложува проверката на наводно спорните адреси за да може подоцна да си обезбеди алиби за бегство од изборите или пак оправдување за извесниот изборен пораз.“

Крајот на написот е манипулативно и вешто смислен коментар како „храна“ за партиското членство и за подржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, во кој „списокот на желбите“ на владејачката партија да добие уште еден мандат, се претствени како завршена работа. А, „доказ“ за тоа, наводно, е испитување на јавното мислење, според кое, е потврдена недостижната предност на владејачката партија на која ѝ е загарантирана победа на изборите со огромна разлика во гласовите!

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

креативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести