verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Две секунди за спин!

on 11 - 03 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

SPASOVSKI

 

[Рецензија: Спасовски манипулира како Заев: За него кршењето на крстот не е нарушување на јавниот ред и мир]

 

Овој текст е класична спинерска конструкција, креирана за да се оцрни техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски. За таа цел се искористени само две секунди од одговорот на Спасовски на новинарско прашање, поврзано со тензичните настани во Бутел ( кои настанаа по поставувањето камен-темелник за 55-метарски крст, кога за малку ќе дојдеше до судир на две групи граѓани), при што комплетно се изместува контекстот на неговата изјава.

spasovski krst butek recenzijaЛинк до оригиналниот напис: Спасовски манипулира како Заев: За него кршењето на крстот не е нарушување на јавниот ред и мир

Датум и време на објавување: 6.03.2016, 17:47

Датум на рецензирање: 10.03.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

СЕЧЕНО – ЛЕПЕНО

Се работи за тенденциозно и селективно прикажување на мал фагмент од изјавата на Спасовски, каде тој, меѓу другото, вели:

„… немавме нарушување на јавниот ред и мир…“(0,23 до 0,25 минута од видеоснимката)

Потоа, од ова исечено парче од две секунди, се прави  запалив политички спин и се соопштува дека  Спасовски, наводно, кажал дека:

„… кршењето и сквернавењето на местото каде беа осветени темелите на крстот во Бутел, не било нарушување на јавниот ред и мир.“

А за што, всушност, станува збор?

Одговарајќи  на новинарско прашање дали полицијата поднесе пријави за вчерашните и за завчерашните протести (3 и 4 март 2016 г.), министерот вели:

„Прво сакам да оддадам признание на полицајците коишто беа на настаните. Да оддадам признание затоа што најпрофесионално ја извршуваат својата задача и што немавме нарушување на јавниот ред и мир. Нормално дека ќе има постапки за одредени случаи. Знаете дека имаме тројца повредени полицајци. Утрово бев кај еден од нив во клиниката за да го видам и да ја дадам поддршката. Нормално дека тие постапки ќе завршат и ќе се поднесат соодветните пријави за нарушителите на овој процес. Најважно од се е дека граѓаните беа на висина на задачата. Навистина, луѓето коишто се вклучија, коишто разговараа и коишто го подпомогнаа процесот да имаме мирна разврска, да се повлечат демонстрантите и да ја обезбедиме сигурноста на граѓаните на Република Македонија, посебно на општината Бутел. Тоа е од исклучителна важност и навистина треба да се честита на присебноста и на смиреноста заради тоа што ова време во Република Македонија е време во кое треба да се носат рационални и разумни одлуки, а не одлуки на ниво на емоции.“ (од 0,10 до 1,17 минута од видеоснимката)

Од одговорот на Спасовски се гледа дека тој воопшто не дал таква „фрапантната изјава“  дека кршењето и сквернавењето на местото каде беа осветени темелите на крстот во Бутел, не било нарушување на јавниот ред и мир, како што се тврди во насловот и во првата реченица од текстот.

 

ДОЛЕВАЊЕ МАСЛО

Но, тоа не е единствениот проблем со оваа нагласено пристрасна и манипулативна содржина. Вториот дел од објавата го прикажува Спасовски  како  министер кој ем „нема капацитет да раководи со полицијата“ ем „применува двојни аршини“, во конкретниот случај, за двете групи граѓани (Албанци и Македонци) кои протестираа во Бутел.

„Демонстрантите во четвртокот наместо да бидат спречени во вандализмот им беше дозволено да го пробијат безбедносниот периметар, да кршат огради, палат дрвја и узупираат простор. Епилог од ваквото однесување на Спасовски беа неколку илјади Албанци кои дивееја и поставија шатори над осветените темели за крстот. Тие кршеа и палеа пред себе, а извикуваа и пееја националистички песни. Иако агресивни, албанските екстремисти ги обезбедуваше само обична униформирана полиција, специјалците беа оддалечени, а кратко потоа беа оставени да прават што сакаат без никакво присуство на безбедносните сили.

Само еден ден подоцна, Спасовски пушти полиција кога на местото се собраа жителите Македонци да го искажат револтот од ваквото сквернавење.“

И пишуван во ваков потпалувачки манир, текстот дополнително провоцира и долева масло на огнот. Сосема спротивно од принципите на професионалното новинарсво кои  укажуваат дека новинарските написи не смеат да говорат со јазикот на омразата и да  поттикнуваат на насилство.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни, нерелевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

селективно наведен автор (извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести