verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Текст со погрешен наслов

on 14 - 03 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

gjakovica

[Рецензија: ПРВА ЖРТВА ОД ПОПЛАВИТЕ ВО СРБИЈА – Се удави маж во Ѓаковица]

 

Написот што е предмет на анализа има погрешен наслов. Во него се вели дека првата жртва на поплавите во Србија бил маж од Ѓаковица, а, всушност, градот Ѓаковица не се наоѓа во Србија, туку во друга држава – Косово.

ПРВА ЖРТВА ОД ПОПЛАВИТЕ ВО СРБИЈА Се удави маж во Ѓаковица Reporter.mkЛинк до оригиналниот напис: ПРВА ЖРТВА ОД ПОПЛАВИТЕ ВО СРБИЈА – Се удави маж во Ѓаковица

Датум и време на објавување: 07.03.2016

Датум на рецензирање: 11.03.2016

Рецензент: Симона Атанасова

 

ЃАКОВИЦА Е ОПШТИНА ВО КОСОВО

Иако насловот е погрешен, подолу во текстот стои така како што треба, дека првата жртва е од Косово, од селото Дол во Општина Ѓаковица.

Во слободната енциклопедија „Википедија“ е наведено дека:

Ѓаковица е град и седиште на Општината Ѓаковица во Југозападно Косово, во непосредна близина на границата со Албанија. Сместен е во најнискиот дел на Метохиската Котлина, опкружен со долините Бел Дрим, Рибника, Крене, Мируше, а над градот се надвисуваат врвовите Проклетие, Паштрик, Коритник.

Освен погрешниот наслов, во написот ја има фразата „пишуваат српските медиуми“, но нема цитат од напишаното во медиумите, ниту линк од објавите.

За смртта на човекот кој се удавил, во текстот има потврда од портпаролот на Општина Ѓаковица, но не е напишано неговото име, па не се знае дали оваа потврда е валидна.

Спорна во текстот е и фотографијата, која нема никаква атрибуција ниту, пак, се знае дали е од поплавите што деновиве ги погодија Србија и Косово или е од некои други поплави, можеби и на друго место.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

неточна информација во насловот

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести