verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Партиски став и новинарски текст, не е исто

on 14 - 03 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

media

[Рецензии: Медиумите блиски до СДСМ, а финасирани од Сорос не ја кажуваат вистината]

 

Текст со неавторска содржина „крунисан“ со авторски наслов. Станува збор за непринципиелен микс на чисто партиско соопштение со, повеќе или помалку, новинарски искована насловна конструкција.

 1111Линк до оригиналниот напис: Медиумите блиски до СДСМ, а финасирани од Сорос не ја кажуваат вистината

Датум и време на објавување: 09.03.2016 13:10

Датум на рецензирање: 10.03.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

 ПАРТИСКО СООПШТЕНИЕ СО АВТОРСКИ НАСЛОВ

Имаме партиско соопштение безмалку пренесено од А до Ш, без каква било вистинска новинарска интервенција. Во ред, би можело да помине така, ако, пред сè, насловот бил поинаку конструиран. Попрецизно, формулиран е како да е наод, заклучок на тој што го пишувал текстот, демек е резултат на некакво истражување: „Медиумите блиски до СДСМ, а финасирани од Сорос не ја кажуваат вистината“.

Но, написот нема ништо авторско бидејќи е само изрецитирано партиско соопштение. Значи, нема вистинска професионална ангажираност, отворање тема, проверка, консултирање разни извори, споредба на информации и, секако, давање одговор. Напротив, станува збор за папагалско повторување на тоа што било напишано во партискиот центар за комуникации на владејачката партија. Затоа и не треба над написот, ако може така да се нарече, да стои таков наслов, бидејќи публиката се доведува во заблуда дека тврдењето е поткрепено и аргументирано. А, всушност, станува збор за партиска пресметка со одредени медиуми и чисто партиска констатација дека некој е близок до некого и дека не ја кажува вистината.

Не треба да се изуми и несоодветната фотографија на која се гледаат грст микрофони на домашни медиуми. Фотката искомбинирана со насловот создава лажна слика дека токму тие медиуми се можеби т.н. опозициски гласила. Тој што го пренел партиското соопштение требало да најде начин за да се огради од неговата содржина. Поточно, сè ќе било поедноставно ако во насловната конструкција пред „Медимите блиски до СДСМ, а финансирани од Сорос не ја кажуваат вистината“,  се ставело „ВМРО-ДПМНЕ: … “. Така, ќе се знаело кој навистина стои зад тоа тврдење и читателите не би имале каква било дилема веќе од самиот наслов да ја насетат содржината на понуденото и што да очекуваат од него. Вака, некој фрлил јадица за јавноста да се навлече и да прочита партиски став.

А, партиски став не е исто со новинарски текст.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести