verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Пуста желба да си замине Ванхауте!

on 15 - 03 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

vanhojte

[ОФИЦИЈАЛНО: Нема да има преговори за медиумите, Ванхауте си заминува од Македонија]

 

Не треба голема мудрост за да се препознае вистинската намера на текстот што го рецензираме: да се оцрни ликот и делото на олеснувачот Питер Ванхауте, што, пак, е на линија со ставовите и на постапките на владејачката партија кога е во прашање белгискиот преговарач. Во напливот на „емоции“, написот прави суштински пропусти, кои се недозволиви во новинарството. Тоа се непровереност, несодржајност, невистинитост и необјективност.

vanhaute medumi recenzija partiiЛинк до оригиналниот напис: ОФИЦИЈАЛНО: Нема да има преговори за медиумите, Ванхауте си заминува од Македонија

Датум и време на објавување: 10.3.2016, 12:15

Датум на рецензирање: 14.03.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

КОЈ ПОТВРДИЛ ДЕКА ВАНХАТУТЕ ЗАМИНУВА?

Но, да почнеме по ред.

Насловот е половично вистинит. Од изјавата на Ванхауте може да се заклучи дека нема преговори, но  тоа никако не значи и дека Ванхауте си заминува од Македонија.

„Ве известуваме дека во овој момент, за жал, не е возможно да продолжат средби за медиумите во форматот во кој досега се одвиваа преговорите, каде што се обидувавме да постигнеме консензус по различните предлог-амандмани. Во секој случај, сè уште разгледуваме различни алтернативни опции за да се дојде до согласност помеѓу релевантните страни.“

Прво, официјално никаде не е потврдено, ниту некој изјавил, а таква потврда нема ниту во текстот, дека Ванхауте ќе си замине од земјава.

А, можело да биде и едноставно, ако, на пример, се консултирал Ванхауте или неговиот кабинет и се добиела потврда или негација на оваа претпоставка. Така текстот би добил на ангажираност, а би ја оправдал и содржајноста и објективноста. Од друга страна, пак, тој суштински и да не е преговарач, може да остане во Македонија – тоа е семантичкиот момент на насловот.

 

НЕИМЕНУВАНИ „ПОЗНАВАЧИ“

Понатаму, текстот се повикува на неименувани „експерти“.

„Според познавачите, олеснувачот не успеал во својата мисија бидејќи отворено се стави на страна на опозицијата, а преку непримерните коментари со мачката на Фејсбук дополнително го навлече гневот на јавноста.“

Овие познавачи, кои никаде ги нема со име и со презиме, грешат. Напротив, Ванхауте успеа во својата мисија. Сите процеси што произлегоа од Договорот од Пржино, тој ги реализираше со целовечерни разговори во Клубот на пратениците во Скопје. Можеби и затоа „познавачите“ се анонимни, затоа што се срамат од својата изјава.

Тезата, пак, дека Ванхауте предлагал закон за медиуми, кој го нема во „ниту една земја во ЕУ“ не држи вода. Повеќепати европската заедница и тој изјавија дека не може да се имплементира некој европски закон во Македонија затоа што условите не се исти. Па, независно дали некому му се допаѓа ова или не, професионално новинарски е да го има во текстот.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

релевантни, нерелевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

квалитетни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести