verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Нов текст со стара вест, само за некој клик плус

on 14 - 03 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #059 - 'FOTO LAJM_ “Shqiptarizohet” Zoran Zaevi, bën fushat me flamurin kombëtar shqiptar' - www_zhurnal_mk_content__id=163613

Напис – Фотовест: Се „албанизира“ Зоран Заев, прави кампања со албанското национално знаме

Скопје, 6 март – Сликата на Зоран Заев со едно албанско национално знаме стана вистински хит по социјалните мрежи.

Таа се споделува на големо, и од една страна некои ова го коментираат како еден гест за подобар соживот со Албанците, пишува „Журнал.мк“.

Од друга страна, има и остри критики дека Зоран Заев ги користи Албанците за да добие гласови на изборите кои ќе се одржат на 5 јуни 2016 година.

[Рецензија: Се „албанизира“ Зоран Заев, прави кампања со албанското национално знаме]

Денес некои медиуми веќе не одбираат методи за некое кликнување плус на нивните интернeт-страници. Во вакви случаи, професионализмот редовно станува елемент од втор ред. Рецензираниот текст е еден типичен пример како не треба да изгледа една вест, новинарски продукт кој, меѓу другото, на јавноста треба да ѝ донесе нешто ново и да ѝ ја соопшти вистината.

Zoran ZaevЛинк до оригиналниот напис: Се „албанизира“ Зоран Заев, прави кампања со албанското национално знаме“

Датум и време на објавување: 06.03.2016

Датум на рецензирање: 09.03.2016

Рецензент: Џенис Сулимани

Текстот цели да реактуелизира една вест за настан што се случил пред една година. Во него, намерата е многу очигледна. „Се „албанизира“ Зоран Заев, прави кампања со албанското национално знаме“, e наслов на текстот што нема ништо заедничко со вистината, но со кој може да се добие кликнување повеќе.

„Сликата на Зоран Заев со едно албанско национално знаме стана вистински хит по социјалните мрежи. Таа се споделува на големо, и од една страна некои ова го коментираат како еден гест за подобар соживот со Албанците, пишува ’Журнал.мк’.“

Фотографијата на која се алудира во текстот е направена минатата година и нема врска со информацијата што е пласирана во јавноста. Инаку, на денот кога е објавена веста, или еден ден пред тоа, оваа фотографија не можеме да ја најдеме на ниту една од официјалните интернет-страници на лидерот на СДСМ. Тоа значи дека не станува збор за евентуелна предизборна кампања на Зоран Заев со албанското национално знаме.

Во продолжение се истакнува дека има критики за „албанизацијата“ на Зоран Заев, но никаде не се спомнува од кого доаѓаат тие критики. Авторот во ниту еден момент не дава до знаење дека се потрудил да земе изјава од лицето што се осудува, како што бара Етичкиот кодекс на новинарите – втората страна има право да се изјасни.

„Од друга страна, има и остри критики дека Зоран Заев ги користи Албанците за да добие гласови на изборите кои ќе се одржат на 5 јуни 2016 година“.

Ваквиот пристап на новинарот е некоректен и непрофесионален и на него може да се гледа како на една свесна манипулација на јавноста. Според етичките принципи и основните правила на новинарството, дезинформацијата е под секаков новинарски стандард.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

Дезинформира

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор, ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести