verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Новинарот пишува вести, а не гласини и толкувања на „сништа“

on 15 - 03 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #060 - 'PDSH-ja e Thaçit pranon se në Saraj po zhduket, Bekim Fazliu mund të bëhet deputet vetëm “në ëndërr”' - www_zhurnal_mk

Напис: ДПА на Тачи признава дека во Сарај ја снемува, Беким Фазлиу може да стане пратеник само „во сон“

Скопје, 9 март – Претседателот на разгранокот на ДПА во Сарај, Сефедин Алиу, на индиректен начин признава дека еден голем број активисти на Мендух Тачи преминуваат во ДР-ДПА, како што е случајот со Евзал Адеми од селото Буковиќ, кој синоќа отворено призна дека преминува во партијата на Али Ахмети, односно во ДУИ.

Според претседателот на разгранокот на ДПА, Алиу, лицето Евзал Адеми од Буковиќ е со Села и не е со ДУИ, но синоќа „Журнал“ првпат ја објави веста по барање на Евзал Адеми, кој јавно се изјасни дека конечно застанува во редовите на албанската партија на власт, ДУИ.

Преминувањата на активистите на ДПА во ДР-ДПА и во ДУИ ѝ задаваат големи главоболки на партијата на Тачи, ДПА.

Само во Општина Сарај најголемиот дел од активистите и од симпатизерите на Мендух Тачи преминале на ДР-ДПА, дури и последните пресметки зборуваат дека актуелниот пратеник на ДПА, Беким Фазлиу, никогаш веќе не може да стане пратеник.

Според информациите, актуелниот пратеник на Демократската партија на Албанците (ДПА), Беким Фазлиу, на следните парламентарни избори во изборната единица број 1 ќе доживее едно вистинско фијаско, затоа што околку 70 проценти од гласачкото тело веќе преминале во Движењето за реформи на ДПА, предводено од Зијадин Села, пишува „Журнал“.

Во општина Сарај Беким Фазлиу може да изброи од 2.000 до 3.000 гласачи, додека подржувачите на Зијадин Села го контролираат другиот дел од гласачкото тело на ДПА. Изборната единица број 1 со години била бастион на ДПА, каде што обично за пратеник од оваа партија се избираше актуелниот лидер на ДПА, Мендух Тачи. Меѓутоа, како што изгледа, работите се смениле и изборните математики нема да бидат исти, и истите предупредуваат дека актуелниот пратеник Фазлиу ќе остане надвор од Собранието. Беким Фазлиу во политиката е познат по своето контрадикторно однесување, затоа што тој еднаш го напушти Мендух Тачи и се впушти во прегратките на партијата на Имер Селмани, Нова демократија.

Тачи веднаш реагираше и го нарече „отпадок на нацијата“, но Беким Фазлиу не застана тука, туку се врати кај својата матична партија, ДПА, се разбира поради лични интереси, информира „Журнал“. Неофицијално, „Журнал“ дознава дека токму Беким Фазлиу е еден од главните виновници што кандидатот на ДПА, бизнисменот Хазби Нуредини, на последните локални избори  за мал број гласови  не успеа да победи во општина Сарај.

Неговите шанси да стане повторно пратеник и во новиот собраниски состав се видно намалени, поради инцидентот што се случи во Собранието минатата година, каде еден од главните учесници во физичката пресметка меѓу албанските пратеници беше токму пратеникот Фазлиу.

Инаку, на последните парламентарни избори, во изборната единица 1, ДПА освои 11.000 гласови, но моменталната структура на гласачи е во сооднос 8:3 во полза на Зијадин Села, што значи дека Села има околу 8.000 гласачи, додека, пак, ДПА на Тачи околу 3.000.

[Рецензија: ДПА на Тачи признава дека во Сарај ја снемува, Беким Фазлиу може да стане пратеник само „во сон“]

Станува збор за коментар базиран само на гласини, но со цел да стане вест. Констатации, генерализации без никаква основа или аргумент. Или, подобро речено, за основа имале симпатија кон политичкиот субјект, за кого се вели дека го „освоил срцето“ на еден член на ДПА кој преминал во ДУИ. Но, како може ваквите индивидуални случаи, макар и вистинити, да се претстават како еден целосен феномен, за да се даде коментирачка констатација во насловот што ги боде очите на читателот? Меѓупартиските претпоставки и обвиненија, пресметувањето на гласачите и на симпатизерите, можеби се работа на политичарите и на партиите, но не и на новинарот, кој има обврска на јавноста да ѝ ги открие нивните ставови, фактите и вистината, а не да се занимава со непотврдени гласини, да чита меѓу редови и да толкува „сништа“.

PDSH ja e Thaçit pranon se në Saraj po zhduket Bekim Fazliu mund të bëhet deputet vetëm “në ëndërr”Линк до оригиналниот напис: ДПА на Тачи признава дека во Сарај ја снемува, Беким Фазлиу може да стане пратеник само „во сон”

Датум и време на објавување: 09.03.2016,  12:31

Датум на рецензирање: 12.03.2016

Рецензент: Ферикан Илјази

Ако се земе како модел текстот на овој автор, тогаш ние, новинарите, континуирано може да читаме меѓу редови, да објавуваме гласини и да кажеме што сакаме, бидејќи нашите тврдења ги засноваме на многуте знаења што ги имаме не само како новинари, туку и како психолози, толкувачи на сништа и на иднината… „сеопфатни познавачи“. Ќе си дозволевме себеси да пишуваме што сакаме, да не се знае каде е почетокот, а каде крајот на веста, каде почнува и каде завршува коментарот и каде симпатијата кон една политичка партија.

Претседателот на разгранокот на ДПА во Сарај, Сефедин Алиу, на индиректен начин признава дека еден голем број активисти на Мендух Тачи преминуваат во ДР-ДПА, како што е случајот со Евзал Адеми од селото Буковиќ, кој синоќа отворено призна дека преминува во партијата на Али Ахмети, односно во ДУИ. Според претседателот на разгранокот на ДПА, Алиу, лицето Евзал Адеми од Буковиќ е со Села и не е со ДУИ, но синоќа „Журнал“ првпат ја објави веста по барање на Евзал Адеми, кој јавно се изјасни дека конечно застанува во редовите на албанската партија на власт, ДУИ.“

Од господин „читач на мисли“, преминуваме кај господин „сметководител“.

„Преминувањата на активистите на ДПА во ДР-ДПА и во ДУИ ѝ задаваат големи главоболки на партијата на Тачи, ДПА. Само во општина Сарај најголемиот дел од активистите и од симпатизерите на Мендух Тачи преминале во ДР-ДПА, дури и последните пресметки зборуваат дека актуелниот пратеник на ДПА, Беким Фазлиу никогаш веќе не може да стане пратеник.“

Како може да се даде една толку силна квалификација уште пред да почне предизборната кампања и толку далеку пред објавување на изборните резултати? Каде ги најде авторот овие 70 проценти без да даде никаков доказ? Тој не го дал ниту  точниот број на членови што ги има ДПА, колку од нив преминале во ДР-ДПА, за да се види од каде го добил тој процент. 70 проценти е  цела една партија. Вакви бројки не може да се дадат туку-така.

„Според информациите, актуелниот пратеник на Демократската партија на Албанците (ДПА) Беким Фазлиу, на следните парламентарни избори во изборната единица број 1 ќе доживее едно вистинско фијаско, затоа што околку 70 проценти на гласачкото тело веќе преминале во Движењето за реформи на ДПА, предводено од Зијадин Села.“

Од процентите, се преминува на конкретни бројки, токму како на пазар или во кафеански муабет. На пратеникот на ДПА, Беким Фазлиу, еднаш му дава 2.000, потоа 3.000 гласови. Толку „прецизни“ пресметки не би успеале да направат ни организациите што постојано се занимаваат со надзор на изборите и на политичките партии.

„Во општина Сарај Беким Фазлиу може да изброи од 2.000 до 3.000 гласачи, додека подржувачите на Зијадин Села го контролираат другиот дел од гласачкото тело на ДПА. Изборната единица број 1 со години била бастион на ДПА, каде што обично за пратеник од оваа партија се избираше актуелниот лидер на ДПА, Мендух Тачи. Меѓутоа, како што изгледа, работите се смениле и изборните математики нема да бидат исти, и истите предупредуваат дека актуелниот пратеник Фазлиу ќе остане надвор од Собранието.“

Не се пропушта и можноста да се каже и некој лош збор и за политичарот Беким Фазлиу, се разбира со „неофицијални“ информации:

„Неофицијално, „Журнал“ дознава дека токму Беким Фазлиу е еден од главните виновници што кандидатот на ДПА, бизнисменот Хазби Нуредини, на последните локални избори за мал број гласови  не успеа да стане пратеник од општина Сарај. Неговите шанси да стане повторно пратеник и во новиот собраниски состав се видно намалени, поради инцидентот што се случи во Собранието минатата година, каде еден од главните учесници во физичката пресметка меѓу албанските пратеници беше токму пратеникот Фазлиу.“

Вакви муабети не му наликуваат во еден текст што има цел биде информативен. Најмалку што можело да се направи е да се земат официјални изјави од ДПА и од ДР-ДПА и податоците за членовите и ставовите што ќе ги дадат овие партии да се објават, за самите читатели да проценат кои аргументи се поуверливи. На овој начин би се избегнала субјективноста. Исто така, нападите врз еден политичар во новинарство се главно дозволени во достојна мерка во субјективните жанрови, како коментари и колумни, и се легитимни доколку се работи за криминал и за корупција, за прикривање информации од јавен интерес, за злоупотреба на јавните ресурси, а не за убедувања, за избори што тој ги направил за време на неговата политичка кариера и за тоа на кој политички табор ќе му се придружи.

Кодексот на Новинарите на Македонија диктира….

  1. Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес. Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација ,тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.
  1. Новинарот нема свесно да создава ниту преработува иформации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилствно и на дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).
  1. Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарите.
  1. Известувањето од политичките процеси, особено од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести