verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Навредите во новинарството се неприфатливи, со или без нараквици!

on 21 - 03 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #067 - 'Besimi flet për eurointegrimet, nën pllakatin e sistemit urinar (Foto) I Iliria News Agency' - ina-online_net_besimi-f

Напис: Бесими зборува за евроинтеграции, под плакат на уринарниот систем

Денес, на 14 март, во просториите на Унивезитетот на Југоисточна Европа во Тетово, Секретаријатот за европски прашања во соработка со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, реализира една презентација за програмите на Унијата, односно програмата „Еразмус плус“.

На настанот зеде збор вицепремиерот д-р Фатмир Бесими, директорот на Агенцијата за европски образовни програми и мобилност, г. Дарко Димитров, како и проректорот за меѓународна соработка на Универзитетот на Југоисточна Европа, д-р Блерим Река.

На почетокот на неговото предавање, вицепремиерот Бесими нагласи дека програмите на Унијата претставуваат серија интеграциски активности усвоени од страна на ЕУ за зголемување на соработката меѓу земјите членки и земјите што не се членки, за што подобро запознавање со методите и со политиките на ЕУ и со тоа да се овозможи размена и добри практики.

Република Македонија беше дел од програмата на Унијата 2007 – 2013, учеството на Република Македонија во Програмите на Унијата 2014 – 2020 претставува логичен континуитет.

Програмите на Унијата се отворена врата до фондовите на ЕУ и можности кои се поголеми од Националниот пакет ИПА од околу 664 милиони евра.

За Програмите на Унијата (периодот 2007-2013) е платен влезен билет околу 11,3 милиони евра, од кои околу 8 милиони од средствата на ИПА и околу 3 милиони евра од буџетот на РМ.

Нашите институции и организации, како координатори, партнери или само учесници во проектите, искористија околу 21,5 милиони евра во околу 800 проекти од различни области.

Со посветеноста на Секретаријатот за европски прашања, Република Македонија освен програмата „Еразмус плус“, досега ги потпишала и договорите за пристап и до други програми: Европа креатив – Култура, Европа креатив – Медиуми, КОЗМЕ, Фискалис, Царини, Европа за граѓаните, Програмата вработување и општествени иновации и Механизмот за цивилна заштита.

Во 2015 година во рамки на овие инструменти се потврдени 166 проекти и тоа: 20 Хоризонт 2020, 7 Европа за граѓаните, 86 Еразмус плус, 1 КОСМЕ, 10 Европа креатив – Култура, 23 Фискалис, 21 Царина, информираше Бесими.

За илустрација, во 2015 година во рамките на програмата „Еразмус плус“ во Република Македонија се потврдија 86 проекти со износ од 4.298.917 евра, додека пак за 2016 година износот на средствата одредени за програмата „Еразмус плус“ за Република Македонија е уште поголем и ќе достигне до 5.000.000, за кои ќе можат да аплицираат ученици, студенти, учители, професори, обучувачи и друг персонал кој е вклучен во кој било дел на образовниот процес, како и претпријатија, граѓански здруженија, фондации.

За време на предавањето, вицепремиерот Бесими нагласи дека „Еразмус плус“ има клучен придонес за образование, обука, мобилност и за неформално образование на младите кои се клучни за остварување на работни места и за подобрување на конкуренцијата на пазарот на трудот, размена на искуства и споделување на европските вредности. Оваа програма го модернизира образованието, обуката и работата на младите во Европа и на тој начин обезбедува можности за младите од Република Македонија да учествуваат рамноправно во сите програми и активности како и граѓаните на ЕУ.

Пред предавањето на Универзитетот на Југоисточна Европа, вицепремиерот Бесими оствари една средба во Средното медицинско училиште „Никола Штејн“, кое претставува пример за успешните проекти за размена на искуства и практики во рамки на програмата „Еразмус плус“, во која 30 ученици вршат обука и практика во болница која е дом за стари лица во Целје, Словенија.

[Рецензија: Бесими зборува за евроинтеграции, под плакат на уринарниот систем]

Во отсуство на способноста да направи целосно коректна вест од настанот, текстот, преку насловот кој воопшто не се совпаѓа со содржината, е без почитување на правилата и е злоупотребен. Новинарски текст кој навредува, макар и во ракавици, не информира. Написот воопшто не ги влече читателите со информација, туку со еден целосно друг елемент. Имајќи ги предвид правилата на професионалното новинарство и Етичкиот кодекс на новинарите, треба да се постави прашањето: Со кое право оваа содржина тврди дека „информира“ под наметката на коментирачкиот јазик, кој истовремено е и тенденциозен!

Самата содржина нема ништо спорно, бидејќи истата е препишана од официјалната веб-страница на Секретаријатот за европски прашања. Дискутабилен и навредлив е насловот даден на текстот.

Член 1, параграф 11 на Етичкиот кодекс на новинарите гласи: „Насловот или известувањето за трудот мора да биде во хармонија со неговата содржина“.

„На почетокот на неговото предавање, вицепремиерот Бесими нагласи дека програмите на Унијата претставуваат серија интеграциски активности усвоени од страна на ЕУ за зголемување на соработката меѓу земјите членки и земјите што не се членки, за што подобро запознавање со методите и со политиките на ЕУ и со тоа да се овозможи размена и добри практики.“

Besimi flet për eurointegrimet screenshotЛинк до оригиналниот напис: „Бесими зборува за евроинтеграции, под плакат на уринарниот системr”

Датум и време на објавување: 14.03.2016

Датум на рецензирање: 15.03.2016

Рецензент: Адриан Керими

Поигрувањето со мултимедиалниот елемент, исто така е кршење на новинарската етика. Фотографијата треба да биде додадена на текстот како оригинал и да му овозможи на читателот, откако ќе ја прочита веста, да даде негов став во врска со појавувањето на Бесими на еден таков амбиент.

„Во 2015 година во рамки на овие инструменти се потврдени 166 проекти и тоа: 20 Хоризонт 2020, 7 Европа за граѓаните, 86 Еразмус плус, 1 КОСМЕ, 10 Европа креатив – Култура, 23 Фискалис, 21 Царина, информираше Бесими.“

„За време на предавањето, вицепремиерот Бесими нагласи дека „Еразмус плус“ има клучен придонес за образование, обука, мобилност и за неформално образование на младите кои се клучни за остварување на работни места и за подобрување на конкуренцијата на пазарот на трудот, размена на искуства и споделување на европските вредности. Оваа програма го модернизира образованието, обуката и работата на младите во Европа и на тој начин обезбедува можности за младите од Република Македонија да учествуваат рамноправно во сите програми и активности како и граѓаните на ЕУ.“

Освен што е направена од несоодветен агол за еден новинарски напис и е аматерски производ, не е наведен ниту авторот на фотографијата. Во самиот текст, освен во подбивачкиот наслов, прашањето на фотографијата што се „проблематизира“ во насловот, не е адресирано во ниту еден ред. Уште повеќе што текстот нема ни автор, макар и со иницијали или со име, туку е потпишан како производ од „инаонлине“.

Читателот  кој ќе наиде на овој напис, „привлечен“ од насловот, првин ќе го мрзи да прочита еден толку долг напис, со многу „суви“ статистички информации. На професионалното новинарство, основа за функционирање му е јасноста и краткиот формат, за читателот да го запомни и да го разбере полесно тоа што го чита. Од насловот се забележува една тенденција за неетичко и за непрофесионално однесување. Таков модел не ги исполнува стандардите за да биде пласиран во јавноста како информативна содржина.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

other

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести