Како да се препознаат медиумски с’скачи
Објавено во Рецензии
on 17 - 03 - 2016 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: Филип Петровски: „Нападот на границата и нападот на Уставниот суд се во корелација“]
Нема премногу да се задржуваме на медиумската содржина што ја рецензираме. Таа ги поништува сите, буквално сите новинарски професионални стандарди. Оваа рецензија се прави само за да им се овозможи на читателите уште еднаш да ги препознаат (не)новинарските постапки на една пропагандистичка, пристрасна, клеветничка и с’скачка медиумска објава.
Впрочем, дека тоа публиката веќе го препознава, сведочи и фактот што оваа рецензија е на предлог на читател на „Сервис за проверка на фактите во медиумите“.
Линк до оригиналниот напис: Филип Петровски: „Нападот на границата и нападот на Уставниот суд се во корелација“
Датум и време на објавување: 14.03.2016, 06:35
Датум на рецензирање: 17.03.2016
Рецензент: Зоран Бојаровски
САМОПРОМОЦИЈА НА СОПСТВЕНАТА ВЕБ-СТРАНИЦА
Нашиот читател вели: „Себепромоција на сопствениот сајт со себефалење, со напади кон другите, со ’пророштва’ и навреди… Притоа зборувајќи во трето лице за самиот себе…“
За да бидеме точни докрај во врска со фактот што нашиот читател го наведува, дека сопственикот на порталот го употребува медиумскиот простор за самопромоција со неаргументирани и крајно лични ставови поврзани со актуелни настани, ве упатуваме на еден релевантен извор кој прецизно ги открива сопственичките удели во медиумите во Македонија.
Кога веќе нема дилеми околу фактот за сопственоста, нам ни се отвора простор да ги потврдиме ставовите на читателот дека оваа медиумска содржина провидно ја покрива намерата. Сосема јасно се гледа дека од личните фејсбук-статуси е конструиран став кој е апсолутно неточен и заговорнички.
Дури и да прифатиме дека е лично мислење и дека од него, можеби, може да се изведе стандардизиран новинарски текст, сепак, во конкретниот случај не е направен таков новинарски ангажман.
Оттаму, му потврдуваме на нашиот читател дека неговиот предлог целосно ги исполни причините за рецензија на оваа содржина.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
Не ја прикажува вистината
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови