verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

По секоја цена атакувај по Ременски!

on 18 - 03 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

remenski

 

 

[Рецензија: Ременски кочи отварање на дневни центри за деца и лица со инвалидност]

Во насловот на текстот, министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ременски, се обвинува дека го сопира отворањето на дневни центри за деца и за лица со инвалидност, без притоа во текстот да бидат наведени факти и докази за тоа. Без понуда на доволно аргументи, се доведува во прашање вистинитоста на тврдењето во насловната конструкција.

RemenskiЛинк до оригиналниот наслов: Ременски кочи отварање на дневни центри за деца и лица со инвалидност

Датум и време на објавување: 16.03.2016

Датум на рецензија: 17.03.2016

Рецензент: Силвана Жежова

 

ЕДНОСТРАНОСТ

Написот „удира“ на емотивна основа, обидувајќи се да ја прикаже министерката Ташевска-Ременски без чувства за лицата со попреченост. Притоа, се заборава дека ниту еден министер во извршувањето на функцијата не треба да се раководи од чувствата, туку треба да спроведува проекти што ќе ги подобрат секојдневието и живеењето на сите граѓани. Во однос на тврдењето дека минстерката, наводно, влегла во конфликти со Националниот сојуз на слепи лица, не се понудени никакви факти.

„Фросина Ташевска Ременски од СДСМ ќе остане запаметена како технички министер за труд и социјална политика со најмалку чувство за лицата со попреченост. За првпат еден министер од овој ресор влезе во конфликт со Националниот сојуз на слепи лица при што им се закануваше со кривични пријави и судски постапки.“

Понатаму во материјалот, министерката за труд и социјална политика Ташевска-Ременски се посочува за одговорна дека „ги запоставила проектите започнати во периодот пред да биде министер“. Меѓутоа, нема наведени никакви извори на информации кои би се однесувале на работата на ова министерство, а отсуствува и став од повиканата институцијата. По овие пишувања, Министерството за труд и социјална политика појасни дека „се работи за постапка за реновирање и опремување на простории за објект на дневен центар за деца со пречки во развојот во Неготино.“

„Дневниот центар за деца со попреченост во Неготино и дневниот центар за возрасни лица со тешка и  најтешка телесна попреченост во Скопје како огромна потреба и долгодишно барање нема да бидат отворени на време поради закочување на процедурите и нивно развлекување.“

 

ПРИСТРАСНОСТ

Интенцијата на текстот е да прикаже дека до доаѓањето на министерката Ременски на чело на оваа институција, Владата, наводно, спроведувала низа успешни проекти за лицата со попреченост. Иако, можеби, е така, сепак материјалот не нуди ниту еден конкретен пример за успешно спроведен проект.

„Техничката министерка прекинува една долгогодишна пракса на успешни резултати во делот на проектите лицата со попреченост.“

Без да биде побаран одговор од Министерството за труд и социјална политика, но и без посочени релевантни извори кои би сведочеле за работењето на оваа институција, написот пласира паушална информација што натежнува од пристрасност. А тоа го прави со единствена цел – да ја дискредитира работата на министерката Ташевска-Ременски.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести