verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Јавните тајни“ – во коментари, во вести се пренесуваат докази и факти

on 16 - 03 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #217 - 'BDI luan lojën e rrezikshme, provokon konflikt ndërfetar… për vota e ka!!! – Fol_mk' - fol_mk_bdi-luan-lojen-e-rrezikshme-provokon-konflikt-nderfetar-per-vota-e-k

Напис: ДУИ игра опасна игра, провоцира меѓуверски конфликт… за гласови ѝ е!!!

Ова се моменти кога демонстрантите повикани од ДУИ насилно ги урнаа темелите на крстот во Бутел. Протестот против крстот што се постави во скопски Бутел го предводат градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, и многу високи функционери на ДУИ. Од снимките јасно се гледа дека сето ова е однапред подготвено сценарио, од страна на власта ВМРО-ДУИ. Вечерашното сценарио не е прво. Вакви спектакли оваа власт ни подарила и порано, слично како и вечерва. ДУИ ги организираше толпите за да се запре изградбата на црквата на Кале пред неколку години, го организираше и уривањето со чекан на споменикот на Цар Душан. Последниот обид ги надминува сите нормални граници на политичката активност. Да играш со чувствата на луѓето, со нешто што е свето за сите граѓани, како верата, да се обидуваш да направиш политички игри напаѓајќи го директно соживотот, верската хармонија меѓу заедниците, е недозволиво. Овие, наместо да зборуваат во името на Албанците, наместо да ги бранат нив таму каде што треба, во институции, ја одбрале улицата и најнасилната форма. Затоа, со право денеска Албанците дадоа една силна порака со бојкотот што му го направија на протестот, дека ние не сме против крстовите, иако не им е местото каде што некој намерно се согласил да ги постави. /фол.мк

[Рецензија ДУИ игра опасна игра, провоцира меѓуверски конфликт… за гласови ѝ е!!!]

„Ова се моменти кога демонстрантите повикани од ДУИ насилно ги урнале темелите на крстот во Бутел. Протестот против крстот што се постави во скопски Бутел го предводат градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, и многу високи функционери на ДУИ.“

Вака почнува една дневна информација за настаните во местото предвидено за поставување на 55-метарскиот крст, што предизвика остри реакции за и против неговото поставување. На прв поглед, изгледа добро. Постојат елементарни информации за моменталното случување, кое предизвикува интерес кај читателите, кои се во исчекување да дознаат дали ќе има немири.

BDI luan lojën e rrezikshme provokon konflikt ndërfetar… për vota e ka – Fol.mkЛинк до оригиналниот напис: ДУИ игра опасна игра, провоцира меѓуверски конфликт… за гласови ѝ е!!!

Датум и време на објавување: 03.03.2016
Датум на рецензирање: 06.03.2016
Рецензент: Ферикан Илјази

Доколку продолжеше текстот во овој стил да ги презентира потребните информации за тоа кој протестирал, зошто протестирал, каде протестирал, како протестирал, можеби воопшто не ќе беше потребно да ја рецензираме оваа вест. Меѓутоа, веднаш по првиот дел од текстот се почнува со квалификации кои можеби се „јавна тајна“, но кои новинарот не може да ги каже во една вест без да ги поткрепи со факти или извори, особено ако имаме предвид дека веста, како форма на пишување, цели кон вистината и непристрасноста и не „прифаќа“ никаква доза на коментари.

„Од снимките јасно се гледа дека сето ова е однапред подготвено сценарио, од страна на власта ВМРО-ДУИ. Вечерашното сценарио не е прво. Вакви спектакли оваа власт ни подарила и порано, слично како и вечерва. ДУИ ги организираше толпите за да се запре изградбата на црквата на Кале пред неколку години, го организираше и уривањето со чекан на споменикот на Цар Душан.“

Процената дека албанската партија на власт подготвува настани како овој со крстот и со орелот секогаш кога има потреба од политички поени, ја кажале многу познавачи на социополитичките околности, ја кажале нивните политички противници, ја кажале многу граѓани, но кога оваа работа ја кажува новинарот во дел кој треба да претставува повеќе погледи на еден настан, да пренесе процени од инволвираните страни и од познавачите и да даде информации и факти, тогаш ова е погрешно. Иако не е поставен таму, текстот треба да се постави во рубриката за коментари или мислења. Во овој текст има и еден друг момент – тој влијае и на сензибилизација за состојбата на меѓуетничките односи, за што меѓународниот фактор и граѓанскиот сектор континуирано вложуваат напор и средства за да ги подобрат. Да се алармира за загрозувањето на овие односи, кои и така се деликатни, е нешто многу позитивно, но не поставувајќи се себеси во улога на судија. Не треба да се оправдаат активностите на политиката на сметка на меѓуетничката и на меѓуверската хармонија, но ова не е најдобриот начин за да се зачува оваа хармонија.

„Последниот обид ги надминува сите нормални граници на политичката активност. Да играш со чувствата на луѓето, со нешто што е свето за сите граѓани како верата, да се обидуваш да направиш политички игри напаѓајќи го директно соживотот, верската хармонија меѓу заедниците, е недозволиво.“

Авторот со право ја критикува владејачката партија дека треба да ги користи институциите на системот што ѝ овозможуваат на законски начин да ги реши проблемите на Албанците.

„Овие, наместо да зборуваат во името на Албанците, наместо да ги бранат нив таму каде што треба, во институции, овие ја одбрале улицата и најнасилната форма. Затоа, со право денеска Албанците дадоа една силна порака со бојкотот што му го направија на протестот, дека ние не сме против крстовите, иако не им е местото каде што некој намерно се согласил да ги постави.“

Но, можеби, наместо да го каже своето мислење за оваа работа, авторот требало да се консултира со некој експерт од оваа област или самите граѓани. Граѓаните се тие што на секоја вест, каква било, ѝ даваат друга тежина. На крајот на краиштата, новинарот постои за нив, затоа, кој би бил покомпетентен да зборува за секој социополитички феномен, ако не тие што директно ги чувствуваат ефектите на политичките игри!

Член 13 на Кодексот на Новинарите на Македонија, што многумина од тие што станале новинари се обврзале да го почитуваат, јасно нагласува дека „Новинарите треба да прават разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот“.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

Нема факти, има мислења

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести