Сензационализам од несреќен случај
Објавено во Рецензии
on 16 - 03 - 2016 Автор: Димитар Тануров[ФОТО: Ова е малата Теодора која падна од тараса и остана жива]
Текстот има наведувачки и сензационалистички наслов, а нуди штура информација за настан што се случил во Србија, без притоа да даде повеќе детали, особено зашто за случката претходно воопшто не е пишувано. Ваквите половични информации не ги исполнуваат критериумите за вест, а уште помалку му нудат целосно информирање на читателот.
Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Ова е малата Теодора која падна од тараса и остана жива
Датум и време на објавување: 14.03.2016, 14:51
Датум на рецензирање: 16.03.2016
Рецензент: Димитар Тануров
ЗБУНУВАЧКА ВЕСТ
„Едногодишната Теодора Добреновиќ од Ниш е повредена во саботата откако паднала до тераса од 2,5 метри висина.“
Текстот е објавен со наслов кој навестува дека станува збор за вест во низа, односно за продолжение на претходно објавена информација. Истовремено, без лоцирање на местото на инцидентот, се добива впечаток дека станува збор за девојче од Македонија.
Написот дава делумна информација за настанот бидејќи не е целосно обработен. Во текстот, освен што се наведува дека бебето паднало и добило повреди, не се открива како дошло до инцидентот, како што налагаат новинарските стандарди. Вака поставена информацијата, потсетува на кратка, флеш-вест, за важен настан, кој сè уште се одвива и за кој потоа се прави целосна информација. За жал, случајот ниту е претходно следен, ниту, пак, потоа е доработен и разјаснет.
Во написот, исто така, не се открива изворот на информацијата ниту, пак, на фотографијата, односно од каде се преземени, што е спротивно на Кодексот на новинарите. Исто така, Кодексот налага да не се користи сензационализам при известување за несреќи.
Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми. (Член 8)
Ваква објавените информации, со сензационални наслови, оставаат впечаток дека служат само за собирање кликнувања, а не за целосно информирање на јавноста. Тоа би можело како бумеранг да им се врати на медиумите што го практикуваат ова, особено зашто кај читателите може да се јави чувство на изиграност и да ја изгубат довербата во медиумот поради ваквите информации.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
не аплиактивно
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
ненаведен автор, ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
нејасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови