verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Отровен“ текст

on 10 - 03 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Доказ.Мк Две новинарски квачки, кешов_ - http___www.dokaz.mk_dve-novinarski 11

[Рецензија: Две новинарски квачки, кешоварки на услуга]

 

Написот повеќе наликува на комшиски, озборувачки муабет отколку на новинарски текст. Во него не се запазени новинарските стандарди и не се нудат никакви факти за да се поткрепат изнесените тврдења. Овој „отровен“ текст користи навредлив говор, етикетира и има за цел да ги оцрни личностите кои ги става на „отстрел“.

Доказ.Мк Две новинарски квачки кешоварки на услугаЛинк до оригиналниот напис: Две новинарски квачки, кешоварки на услуга

Датум и време на објавување: 03.03.2016

Датум на рецензирање: 09.03.2016

Рецензент: Димитар Тануров

 

 

НАВРЕДУВАЊЕ, ЕТИКЕТИРАЊЕ, ДИСКРЕДИТИРАЊЕ

Написот е пишуван со еден недоличен, примитивен речник и со омраза кон двете новинарки. Тој, според својата конструкција не исполнува ниту една од карактеристиките на новинарските жанрови.

Гледам вчера не можам да се изначудам Нова тв со авторска репортажа на Сашка Цветковска ( другарка му на Борјан) го плука техничкиот Министер во МВР Оливер Спасовски за банални теми, пиар итн, ама здраво го ремети, и после тоа споделујат сите тие околу нив меѓу кои и другата кешоварка која ја знам подолго Мери Јордановска која и седи во Советот на честа инаку работи за една шпиунска мрежа наречена БИРН, и не ми е јасно кој тоа ги плати двеве квачки да го напаѓаат Оливер кој горе-долу покажа дека е на висина на задачата и во тешки услови опстојува и функционира. Најсмешно е што овие двеве тревкарки се пуваат дека се сериозни новинарки, ама со овој текст се покажа и докажа дека одработуваат за кујни на Бихачка или за властта нема друго објаснување, некој му посметал Оливер и овие се трудат да го омаловажат.

Оваа објава на прв поглед потсетува на чуден микс од белешка, коментар и колумна. Ама и во овие текстови изнесените информации мора да бидат поткрепени со факти. Во споменатите новинарски жанрови е дозволено да се користи послободен јазик, па и жаргониски говор. Сепак, тоа не подразбира етикетирање, навредување и изнесување на непроверени и непоткрепени информации. Тоа се коси со етичките  и професионални стандарди и е спротивно на Кодексот на новинари.

 

ПРТЕКРШЕНИ ШЕСТ ЧЕЛНА ОД КОДЕКСОТ

Со текстот се прекршени шест члена од Кодекстот, членовите 1, 10, 11, 13, 15 и 16, кои налагаат: објавување точни, проверени информации кои нема да прикриваат суштински податоци, придржување кон општо прифатените општествени стандарди на пристојност, правење разлика меѓу фактите и мислењата, веста и коментарот, негување на културата на говорот и етиката, како и чување на угледот и достоинството на новинарската професија и некористење на медиумот за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги кои имаат различни ставови.

Термините: „квачки“, „кешоварки на услуга“, „треварки“, „шпионска“ , се  употребени за дискредитирање на лицата и организациите за кои работат. Со нив се алудира дека споменатите личности  ја (зло)употребуваат професијата за личен профит и оти се корисници на марихуана, а ваквото етикетирање се прави за да се разниша угледот на двете новинарки.

Написот е едностран и спинерски, наменски креиран за да создаде погрешна претстава кај читателите за личностите кои се напаѓаат. Истовремено,  оваа медиумска содржина е тешка за читање поради предолгите, несредени и конфузни реченици.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

полова дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести