verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Медиумски фитил за партиско „буре барут“

on 8 - 03 - 2016       

FireShot Capture 124 - Дивеење и хаос по примерот на Зоран З_ - http___kurir.mk_makedonija_politik 1

[Рецензија: Дивеење и хаос по примерот на Зоран Заев (ФОТО)]

 

Опасен и исклучително манипулативен текст. Се споредуваат два сосема различни настани и се „бојат“ со иста боја за добиениот колорит да биде многу подбуцнувачки. Четиво наменето за дополнително вжештување на страстите кај одредени кругови во двете најголеми заедници во земјава.

 111Линк до оригиналниот напис: Дивеење и хаос по примерот на Зоран Заев (ФОТО)

 Датум и време на објавување: 03.03.2016 23:48

 Датум на рецензирање: 05.03.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

 

СПИН-КОМПАРАЦИЈА

Имаме спин-компарација која несомнено игра на етничка карта, правејќи некакво изедначување меѓу неколкумесечните протести на опозицијата пред Владата и последниот собир на владејачката ДУИ против изградбата на крст во скопски Бутел. Колку за коректност, мора да се наведат факти кои низ новинарска призма ќе ја разобличат тенденциозната приказна што на јавноста ѝ се продава како информативен текст.

Разлика #1

Опозицијата протестираше против политиките на власта.

ДУИ, која осум години е дел од власта, протестираше против изградбата на верски симбол.

Разлика #2

Опозицијата протестираше со месеци.

ДУИ протестираше еден ден.

Разлика #3

На собирите на опозицијата пред Владата немаше уривање на објекти во градба ниту, пак, се палеа дрвја.

На протестот на ДУИ беа демолирани темелите на идниот крст и беше уништено зеленило.

Разлика #4

Полицијата не беше повикана да превенира масовно насилство или да интервенира при неколкумесечното кампување на опозицијата.

Полицијата во Бутел беше на готовс поради однесувањето на дел од демонстрантите и спречи можен судир.

 

Затоа, прашуваме од каде е дојдено до тврдењето Дивеење и хаос по примерот на Зоран Заев? Аргументи и докази за тоа нема.

 

КРАТКА МЕМОРИЈА

Искрено, единствена сличност беше дека и опозицијата и ДУИ поставија шатори за да кампуваат. Тука сите споредби и изедначувања завршуваат. Но, некој поинаку сметал и на двата собира им дал заеднички етнички предзнак. Исклучително загрижувачки потег, секако неновинарски, и многу подбуцнувачи во зовриената атмосфера која почна со поставувањето споменик на двоглав орел во Чаир, а кулминираше со протестите во Бутел. И двете иницијативи, и за орелот и за крстот, секако секој за своето, ги предводеа владините коалиционери ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. Случајност, исто како и овој напис и неговата тенденциозност?!

„Постапките на опозицискиот лидер беа копирани од вжештени глави од функционери и симпатизери на ДУИ кои исто како СДСМ и Заев одлучија да прават политика и да собираат ситни политички поени со веќе прочитани деструктивни постапки.

На денешниот протест се вееја албански знамиња, но немаше македонско знаме, а на протестот на СДСМ во месец мај исто така се вееја албански знамиња и пароли со кои Заев се фотографираше.“

Аха, ај што се манипалитивни фотографиите приложени кон ваквите констатции, пораката треба да биде дека опозицијата, поточно нејзиниот лидер, е блиска со албанската заедница и со тоа ги загрозува македонските интереси?! Само, ваквата реторика ја заборавивме во 90-тите години од минатиот век или, пак, не? Како да се рециклираат истите повици, ама адаптирани за денес. А, како тоа не се споменува дека истите тие вжештени глави на функционери на ДУИ веќе осум години се во коалиција во Владата со ВМРО-ДПМНЕ, а не со СДСМ.

Насилство, кој и да е одговорен за него, независно од етничката или верската припадност, е за секоја осуда. Исто така е за секоја осуда и каков било обид за долеавње масло на огнот преку непоткрепени, неиздржани, невистинити формулации со какви што изобилува ова пропагандно четиво.

Опасна игра за нечии политички цели недостојна за еден медиум.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

селективно наведен автор (извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

потикнува на насилство

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести