verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Шприцање бензин на огнот

on 8 - 03 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Untitled 11

[Рецензија: Во договор со Спасовски повлечена полицијата и поставени шатори во Бутел]

 

Кога се нема ниту најмала одговорност и обврска да се известува вистинито, сеопфатно и потврдено со извори или со други аргументи, тогаш останува јавноста да биде бомбардирана со медиумски содржини кои се пристрасни, со коментари, со навредливи епитети, хушкачки…

Но, тоа не е новинарство. Зошто?

Како прво, нема ниту еден аргумент што ќе го потврди категоричното тврдење во насловот. Ниту еден извор, ниту една посериозна индиција дека повлекувањето на полицијата и поставените шатори се дело на договор со министерот Спасовски.

И не е само тоа. Оваа содржина максимално го изневерува и првото начело на Кодексот на новинарите дека нема да објавува непроверени информации и дека тие треба да бидат проверени од најмалку два независни извори.

Особено кога станува збор за вакви силни обвинувања.

03042016-Vecer-SpasovskiЛинк до оригиналниот напис: Во договор со Спасовски повлечена полицијата и поставени шатори во Бутел

Датум и време на објавување: 04.03.2016, 08:47

Датум на рецензирање: 04.03.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

ХУШЧКАЧКИ ТЕКСТ

Особено невнимателно и крајно непоткрпено е тврдењето во текстот во кое се вели:

„Спасовски, исто како и насобраните, во обидот да се испазари, не помисли на безбедноста на околните жители кои ја поддржаа изградбата на крстот.“

Овој неодговорен новинарски став, освен што најверојатно е невистинит бидејќи нема никакви докази за „пазарењето“,  е во директна спротивност со членот 10 од Кодексот на новинрите, особено кога станува збор за известување од конфликти. Членот 10 предупредува:

Новинарот нема свесно да создава ниту да преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и на дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).

Спротивно на стандардите што ги сугерира овој член, медиумската содржина што ја рецензираме е полна со говор и со коментари што ги засилуваат тензиите.

Оттаму, овој новинарски текст е во спротивност и со професионалните одредби кои наложуваат непристрасна, избалансирана и професионална дистанца од политичките субјекти (Член 13 од Кодексот).

 

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

потикнува на насилство

дискриминира

национална дискриминација, верска дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести