verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Двојни аршини – нечија приватност повеќе боли!

on 7 - 03 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

http___www.dnevnik.mk_ 11

[Рецензија: Нема прогон за објавените снимки на Латас и Иванов]

 

Дали тие што бараат прогон за објавени аудиоснимки за разговор кој, наводно, е приватен, направен меѓу нивни колеги, знаат дека првиот адвокат на Комората веќе успеа да издејствува судовите однапред да се произнесат дека нема да ги толкуваат како докази? И дека еден цел систем (обвинителство, судови, медиуми) цела година беше завртен кон обезвреднување на „сечените, лепените и монтираните“ телефонски разговори. Тие аудиоснимки, сега, можеби за обвинителите, кои и да се, можат да имаат третман на т.н. чуен глас, ама можат да бидат само индиција за потоа тие едноставно да „се окозат“ за да докажат дека снименото воопшто се случило и да имаат некакви докази од друг тип за да бараат правда.

http___www.dnevnik.mk_Линк до оригиналниот напис: Нема прогон за објавените снимки на Латас и Иванова

Датум и време на објавување: 04.03.2016 18:06

Датум на рецензирање: 07.03.2016

Рецензент: Љубомир Костовски

 

ЧЕКАЊЕ ДОЛГО ДЕСЕТ ДЕНА

“Ни десет дена откако се појавија снимките од приватни разговори од главниот уредник на Сител Драган Павловиќ Латас и сопственикот на овој медиум Горан Иванов, ниту Министерството за внатрешни работи со кое раководи генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски, ниту специјалната обвинителка Катица Јанева, надлежна за прислушкувањето не даваат информација дали повеле постапка за овој случај.“

Овој доста опширен текст кој се возбудува од фактот дека е прислушуван разговор меѓу две „големи ѕверки“ во медиумите, со ниту еден збор не кажува дека низ т.н. „бомби“ се покажа дека се прислушувани огромен број други нивни колеги во текот на најмалку шест години. На дел од тие новинари (20-30) јавно им беа делени снимени разговори и извлечени стенограми. И нивните права беа загрозени, како личности и семејни луѓе, а пред сè како луѓе со професионални обврски!

Основен проблем на овој прилог е во тоа како да пишувате за феноменот на прислушувањето, а да не ги споменувате многуте важни настани, имиња и институции како што се – Петта управа на МВР, УБК, Сашо Мијалков, како раководител на службата што прислушувала, Гордана Јанкуловска како министерка која се согласувала со оваа практика најмалку  шест години (меѓу 2009 и 2015 година), обвинителот Зврлевски кој ги имаше снимените разговори, а не поведе постапка толку време… Сето тоа го немате како најзначаен дел од феноменот, небаре снимките паднале „од Марс“!

Просто, имаме комплетна пресвртена ситуација: им се делат обврски на истрага на новите луѓе во оваа сфера, а не се укоруваат тие што го правеле тоа? Згора, се прави селекција: чија снимка е поважна, без да се види редицата од 20.000 прислушувани лица.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни, нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести