verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Од кога амбасадорот Бејли му е „портпарол“ на Заев?!

on 7 - 03 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

bejli

[Рецензија: Господине Бејли, ќе дојде ли Заев на суд или пак има средба со некој амбасадор?]

 

Сензационалистички наслов и наднаслов во кои се споменува американскиот амбасадор, Џес Бејли, кому е упатено прашање во врска со агендата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Но, името на амбасадорот понатаму во текстот „волшебно“ исчезнува.

Господине Бејли ќе дојде ли Заев на суд или пак има средба со некој амбасадор ВечерЛинк до оригиналниот напис: Господине Бејли, ќе дојде ли Заев на суд или пак има средба со некој амбасадор?

Датум и време на објавување: 02.03.2016, 23:56

Датум на рецензирање: 04.03.2016

Рецензент: Симона Атанасова

 

ЗОШТО НЕ Е ПРАШАН ЗАЕВ?

Текстот се однесува на закажаното судско рочиште за случајот „Поткуп“, во кој лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е обвинет дека примил поткуп за приватизација на земјиште. Написот го става акцентот на тоа дали Заев ќе се појави во судницата затоа што на претходното рочиште тој, поради средба со амбасадорот на Кина, не се појавил во судницата. Но, зачудува тоа што во насловната конструкција прашањето е адресирано до амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли. Згора на сè, употребена е формулација како прашањето да му се упатува на портпаролот на Заев:

Господине Бејли, ќе дојде ли Заев на суд или пак има средба со некој амбасадор?“

Прво, нејасно е зошто одговорот на ова прашањето не е побаран од Заев, од неговиот портпарол или од неговиот адвокат? Покрај тоа, оваа објава во коментарторски манир ја поставува дилемата:

„Останува да видиме дали Заев утре конечно ќе го испочитува Судот и ќе се појави на рочиште, како што вети неговиот адвокат при последното одложување, или пак опозицискиот лидер повторно ќе има некои службени и обврски или можеби средба со некој амбасадор.“

Потоа, за одбележување е тоа што во содржинскиот дел на текстот нема никакво објаснување зошто прашањето за агендата на Заев му е упатено на амбасадорот на САД? Всушност, амбасадорот Бејли воопшто и не се споменува во написот, па затоа е чудно што неговото име е извлечено во тенденциозниот наслов!

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести