verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Прилог на стаклени нозе

on 7 - 03 - 2016       

http___alfa.mk_News.aspx_id=106375#.VttEBPkrLIX

[Aнкета: Jанева да се однесува како обвинител а не како партиско тело]

 

Имаме генерализација, извлекување општ заклучок од многу слаби, тенки извори и затоа конечниот резултат – тврдењето дека граѓаните се незадоволни од работата на специјалната обвинителка е на стаклени нозе.

 22222Линк до оригиналниот напис: Aнкета: Jанева да се однесува како обвинител а не како партиско тело

 Датум и време на објавување: 01.03.2016 18:18

 Датум на рецензирање: 03.03.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

ЧЕТИРИ АНКЕТИРАНИ ≠ СИТЕ ГРАЃАНИ

Vox populi, интервјуирање граѓани на улица или кај нас одомаќинето како анкета, е вообичаена и прифатена алатка, особено во телевизиското новинарство. Во ред, во овој текст ни се нуди такво „испитување на мислењето на луѓето“ за работата на специјалната јавна обвинителка. Но, штосот е во тоа што терминот анкета е злоупотребена како покритие за, според приложеното, однапред подготвените тврдења што се пласираат во текстот.

Прво, анкета од само четворица испитаници не може да се смета за адекватно теренско новинарско испитување на пулсот на граѓаните за конкретно прашање. Второ, ако двајца од тие четири прашани луѓе, или 50 отсто од испитаниците, немаат конкретен став, односно не даваат јасен одговор на поставеното прашање, тогаш не може, едноставно не може да се извлече еден генерална констатација која ни кажува дека безмалку мнозинството граѓани не гледаат позитивно на работата на Катица Јанева. Поедноставено, понудената бројка анкетирани не е веродостојна како примерок.

 

ЦРНА ДАМКА

Исто така, заради коректност, најнапред треба да се пушти новинарското прашање, па потоа да следуваат одговорите. Од начинот, пак, на кој е пласиран овој прилог, публиката не може да разбере што конкретно биле прашани граѓаните.

Се зборува дека луѓето се жалат зашто специјалното обвинителство било црна дамка во македонскиот систем… За појаснување, никој од прашаните не зборува за некаква црна дамка или, пак, користи таква формулација. Таа е накалемена, ама е претставена како да е дел од  vox populi.

 

ВЛАСТА Е НАЈ, НАЈ, НАЈ…

Во написот се искористени  формулации што упатуват на однапред „зготвена манџа“ што само чека запршка. И партиски извори, и познавачи, и медиуми, и упатени…  На прв поглед прилогот натежнува од  „извори“, ама изгледа повеќе се фиктивни, отколку реални. Дел од нив сигурно можеле јасно и гласно да се идентификуваат и да се прецизираат, а не вака да останат завиени со непотребна тајновитост и анонимност. Зошто да не се именуваат барем „медиумите кои објавувале“ или „упатените и познавачите“, ако веќе се кријат доверливите „партиски извори“. Така, написот би добил повеќе содржајност и, секако, професионалност.

Не треба да се заборават ниту коментарите кои, рака на срце, само го задаваат финалниот печат на пристрасност, необјективност и на партиска обоеност.

„Граѓаните децидно бараат да прекине црното сценарио на опозицијата кое наместо да помага и одмага на државата и народот. И додека социјалдемократите бараат начин да се дефокусира јавноста од изборниот процес, ВМРО-ДПМНЕ ја подготвува програмата за престојните избори.“

Ова е уште еден од серијалот текстови што го користи провереното клише: „опозицијата е лоша и виновна за сè, а власта е најдобра, најработлива, најпосветена, секогаш нај, нај, нај…“

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести