verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

И арпаџикот од Бразда во изборна кампања!

on 7 - 03 - 2016       

http___press24.mk_po-posetata-na-g

[Рецензија: По посетата на Груевски решено барањето на земјоделците од Чучер Сандево за продажба на арпаџик]

 

Текстот  е инспириран од „парадата“ што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, заедно со неколкумина членови на Владата, ја направи во општината Чучер – Сандево. Написот  ги доведува во заблуда граѓаните дека желбите што му ги прочитаа на Груевски за време на претставата, тој може им да ги исполни веднаш, иако е јасно дека тоа не е во негова надлежност.

Текстот, фактички, ја идентификува  владејачката партијата со државата, покажувајќи дека оваа партија и нејзиниот лидер се над институциите и автократски ги решават проблемите на самото место. Ова се прави уште во самиот наслов:

„По посетата на Груевски решено барањето на земјоделците од Чучер Сандево за продажба на арпаџик.“

Тоа не е точно, бидејќи ништо не е решено. Процедурата за решавање е долга и мачна. А, нејасно е и дали замјоделците вооопшто имат  поднесено вакво барање?

http___press24.mk_po-posetata-na-gЛинк до оригиналниот напис: По посетата на Груевски решено барањето на земјоделците од Чучер Сандево за продажба на арпаџик

Датум и време на објавување: 02.03.2016, 10:33

Датум на рецензирање: 03.03.2016

Рецензент: Александар Писарев

 

ГРУЕВСКИ ИМА РЕШЕНИЕ ЗА СÈ

Написот го величи ликот и делото на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, а на целиот настан му е дадена театрална димензија во која главниот „актер“ е лидерот на партијата. Се истакнуваат авторитетот и моќта на Груевски да ги решава проблемите во миг и со еден потег.

„По посетата на Груевски решено барањето на земјоделците од Чучер Сандево за продажба на арпаџик. Земјоделците  ќе може непречено да го продаваат својот производ.“

Потоа во текстот на долго и на широко се раскажува за „изнајденото решение“.  Се редат изјави на претставници од Министерството за земјоделство и од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во кои се објаснува дека „за добивање на потребната декларација и регистрација на семенскиот материјал ќе биде потребно формирање на земјоделска задруга која што во првите години нејзината работа ќе биде финансиски поткрепена и поддржана од Владата.“ По тоа следува заклучокот:

„Земјоделците презадоволни од постигнатото решение кое за нив ќе преставува надминување на голем проблем.“

Но, каде се во текстот земјоделците? Во написот не е дадена ниту една изјава на селаните од „Бразда и околните места“, за да можат читателите да се уверат дека тие навистина биле пресреќни  од ваквиот „расплет“!

 

КУПУВАЊЕ ГЛАСОВИ

Исто така, треба да се каже и дека производството и прометот на семенскиот матерјал, во овој случај семе за кромид – арпаџик, е строго регулирано и според меѓународното и според домашното законодавство. Тоа подразбира сложена и долга процедура за негово регистрирање и за пуштање во продажба, испитување во овластена лабораторија, тестирање на терен.

Значи, ниту Груевски, ниту неговиот тим никако не можеле проблемот да го решат веднаш, на самото место. Особено зашто воопшто не знаеме дали земјоделците поднеле барање до надлежната институција да им се сертифицира семенскиот матерјал и дали претходно ги направиле сите потребни процедури и тестирања на терен.

Еден професионално сработен текст треба да ги информира читателите непристрасно и дистанцирано од политичките субјекти, да објавува точни информации и да не прикрива суштински податоци, вели Кодексот на новинарите ( член 1 и член 14). Но, оваа објава го прави токму спротивното. Таа нема информативна, туку пропагандна улога и целосно е ставена во функција на предизборно „купување“ гласови за владејачката партија.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести