verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Текстот „глуми“ и експерт и толкувач и сезнајко

on 7 - 03 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

dik

[Рецензија: ОКОЛУ 90.000 АЛБАНЦИ СЕ ИСЕЛИЛЕ ОД ДРЖАВАВА, АМА НЕ ПРИЈАВИЛЕ ВО МВР?]

 

Текстот што го рецензираме е премногу шпекулативен. За да оддаде чувство на вистинитост, тој мора да запази неколку новинарски елемeнти што тука  ги нема. Написот не нуди точни и проверени факти, нема издржана аргументација и не ги лоцира конкретно изворите на информации, туку користи непрецизна формулација „дознаваме неофицијално од извори во ДИК“, која не кажува ништо. Затоа што во овој распон од можни „поткажувачи“, хипотетички гледано, може да се најде кој било од лицата вработени во ДИК, па и тие што не мора де се поврзани со стручната работа на оваа институција.

dikЛинк до оригиналниот напис: ОКОЛУ 90.000 АЛБАНЦИ СЕ ИСЕЛИЛЕ ОД ДРЖАВАВА, АМА НЕ ПРИЈАВИЛЕ ВО МВР?

Датум и време на објавување: 01.03.2016, 22:54

Датум на рецензирање: 03.03.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

РАСФРЛАЊЕ СО БРОЈКИ

„Нешто над 100 илјади полнолетни граѓани, државјани на РМ, кои се во базата на МВР ги нема во базите на другите 10 институции што ги споредува Државната изборна комисија, дознава „Дневник“ неофицијално од извори во ДИK.“

Текстот почнува шпекулативно, така и завршува. Неговата вистинитост е прилично проблематична. Си крои некоја своја математика, а воопшто не консултира релевантни статистистички анализи, конкретни експертски мислења, споредбени податоци…

Написот се расфрла со бројки, но не е наведено од каде се тие добиени. Нема линкови за тоа од каде потекнуваат информациите за иселени лица од одделни општини, кои се соопштуваат како сигурно точни:

„Според нашите информации, најголем број на вакви државјани има во Гостивар и тоа околу 10.000, следуваат Струга и Тетово со по 7.500, Kуманово – 4.500, Врапчиште 3.800, Боговиње со 3.400, Чаир – 3.000, Липково со нешто помалку од 3.000…“

Не се посочува ниту врз база на чии „првични анализи“ (формулација што е употребена во текстот) се заклучува дека:

„… веројатно се работи за луѓе што се иселени од државата пред неколку години, но кои не го пријавиле своето заминување во странство на повеќе од една година или од одредени причини или лоша евиденција излегува дека не соработувале со македонските институции.“

 

 ДЕМАНТ НА ПРОДЛАБОЧЕНАТА АНАЛИЗА

На ваквата „продлабочена анализа“ во која нема официјален став од Државната изборна комисија (ДИК), имаше демант токму од ДИК.

Оттаму велат:

„Државната изборна комисија во однос на процесот на вкрстени проверки на базите на податоци официјалните информации ќе ги објави по завршувањето на процесот на вкрстените проверки и по усвојувањето единствен извештај.

Сите други податоци, вклучувајќи го и текстот објавен во дневниот весник „Дневник“ од 2 март 2016 година, со наслов „Околу 90.000 Албанци се иселиле од државава, ама не пријавиле во МВР?“, во врска со горенаведеното се шпекулации и дезинформации.“

Коректно е што медиумот го пренел демантот, но тој е објавен со коментар и со повторените ставови:

„Kако што веќе објавивме, информациите што ги поседуваме се неофицијални и не се конечни, а се добиени од извори во Државната изборна комисија што учествуваат во прочистувањето на Списокот. Ваквите бројки се исфрлени при споредбата на базата на МВР со најновите бази на 10-те институции со кои се врши споредбата.“

Па, иако во написот во кој се објавува демантот од ДИК поточно се лоцира изворот на информации: „од извори во Државната изборна комисија што учествуваат во прочистувањето на Списокот“, сепак, тоа не го менува впечатокот дека материјалот што е предмет на нашата рецензија е непрофесионален и дека си зел право да биде и експерт и толкувач и сезнајко.

 

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести