verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Љубовен триаголник без докази

on 4 - 03 - 2016       

Untitled

[Рецензија: НА СМЕТКА НА ГРЧКА ФИРМА: Вице Заев и Фатиме Фетаи на ручек во Струмица]

 

Лоша и крајно аматерска фотомонтажа се обидува да го „оправда“ сензационалниот наслов дека братот на Зоран Заев, Вице Заев, наводно, бил на ручек со специјалната обвинителка Фатиме Фетаи. Уште еден „голем грев“, кој се истакнува во насловот, е што сметката за ручекот била платена од грчка фирма. Коментаторски, неаргументирано и сензационално, овој материјал се обидува да ги дескридитира обвинителката и работата на Специјалното јавно обвинителство.

fatimeЛинк до оригиналниот наслов: НА СМЕТКА НА ГРЧКА ФИРМА: Вице Заев и Фатиме Фетаи на ручек во Струмица

Датум и време на објавување: 29.02.2016

Датум на рецензија: 03.03.2016

Рецензент: Силвана Жежова

 

КРИТИЗИРАЊЕ

Написот почнува со непоткрепена критика за работата на Специјалното јавно обвинителство, кое неосновано се обвинува дека не може да ги спроведе законите и правдата.

„СЈО не успеа да покаже дека важи за институција со посебен капацитет за спроведување на законите и правдата, онака како што беше договорено со Договорот од Пржино каде што беше предвидено СЈО да биде составено од врвни професионалци и луѓе со висок морален кредибилитет и интегритет. Напротив, корупцијата и скандалозното однесување на збирот лица собрани во СЈО одамна ги премина сите граници на непрофесионалност и политикантство.“

Наспроти ваквите наводи, јавноста беше информирана дека Специјалното јавно обвинителство отвори истражни постапки против поранешните министри Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, како и против секретарот на Владата, Кирил Божиновски, за злосторничко здружување, повреда на избирачко право, повреда на слободата на гласање, поткуп и за уништување избирачки материјал, а сè за фалсификување на изборите. Исто така, од СЈО известија дека одредени институции одбиваат соработка и не постапуваат по нивните барања. Во однос на изборот на кадарот, пак, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева доби поддршка од сите партии и во согласност со договорот, нејзе ѝ беше оставено да го избере тимот.

 

НЕДОЛИЧНА КОНСТРУКЦИЈА

Понатаму во текстот се пишува за времето и за местото на наводната средба меѓу Фатиме Фетаи и Вице Заев, но нема аргументи за оваа средба, освен аматерска фотомонтажа која е во насока на манипулација на текстот.

„Во петокот, во рибниот ресторан „Пеликатник“ во Струмица, околу 15.00 часот била остварена средба помеѓу обвинителката која беше задолжена за противправното апсење на Едмонд Темелко, Фатиме Фетаи, заедно со уште неколку лица од СЈО, од една страна, и Боби Заев братучед на Зоран Заев, како и братот на лидерот на СДСМ, Вице Заев од друга страна.“

Покрај тоа што нема докази за средбата, се инсинура и разговорот со тенденција, без никакви факти и докази да се прикаже блиската врска меѓу СЈО и СДСМ.

„На средбата била договарана стратегијата за политичкото делување на Специјалното Јавно обвинителство, кое во наредниот период треба да служи како главно орудие на Заев и СДСМ во недостиг на идеи, програма и реално политичко дејствување, пред изборите закажани за 5-ти јуни.“

Меѓу бројните непоткрепени обвинувања и обиди за дискридитација, се посочува и дека наводно:

„Сметката во ресторанот била платена од страна на фирмата „Струмица Табак“ која е со 100% грчки капитал.“

Ова е нагласено со затемнети букви, веројатно за да биде повпечатливо за читателите, но од друга страна, не се нуди доказ (фискален) за да ја убеди публиката дека било навистина така.

Целата објава е пишувана во озборувачки стил, при што се прави недолична конструкција во која се проблематизира моралниот профил на специјалната јавна обвинителка. Користејќи еден непримерен речник, обвинителката Фетаи се става на „столбот на срамот“, со намера да се оцрни нејзината личност, но и Специјалното јавно обвинителство како институција.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

неофицијални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

полова дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести