verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Манипулација обоена со расизам

on 7 - 03 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Девојка открила неверојатна тајна пос_ - http___sitel.com.mk_devojka-otkril

[Рецензија: Девојка открила неверојатна тајна после неколку месечна врска со црнец]

 

Овој текст во неколку сегменти го прекршува Кодексот на новинарите. Написот нема никакви извори, раскажаното во него е анонимно и плус е дискриминаторски.

Девојка открила неверојатна тајна после неколку месечна врска со црнец Сител ТелевизијаЛинк на оригиналниот напис: Девојка открила неверојатна тајна после неколку месечна врска со црнец

Датум и време на објавување: 01.03.2016

Датум на рецензирање: 04.03.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

ДИСКРИМИНАТОРСКИ ТЕКСТ

Во текстот, анонимна девојка раскажува за наводна врска со црнец кој бил дојден службено да работи во нејзината земја. Момчето исчезнало од нејзиниот живот, а таа подоцна разбрала дека во неговата матична земја бил женет и имал деца, што било огромно разочарување за анонимната девојка.

Самиот наслов на текстот е манипулативен и звучи расистички и дискриминаторски. Имено, во целата приказна најмалку е важно од која раса било момчето. Тоа можело да се случи и доколку тој бил белец. Со самото нагласување на неговата боја на кожата, написот прави дискриминација врз основа на раса.

На тој начин е прекршен членот 10 од Кодексот на новинарите во кој јасно се наведува дека:

„Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).“

Понатаму, текстот никаде не евидентира извори, од каде е преземен текстот, кога и каде е објавен, нема линкови, што ја доведува во прашање неговата автентичност.

Со ова е прекршен членот 12 од Кодексот на новинари кој вели:

Плагијаторството е неприфатливо. Цитатите не смеат да се користат без да се нагласи изворот или авторот.

Текстот е несеопфатен и неверодостоен. Тој е сензационалистички и единствено има цел да собере што повеќе кликнувања.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

нема извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

Не може да се утврди

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

расна дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести