verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Манипулирање преку генерализирање

on 7 - 03 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

mladi zaev 11

[Рецензија: ФОТО: Младите од Скопје со јасна порака за Заев]

 

Станува збор за фотовест, во која освен што има три фотографии и се коментира текстот од прикажаните натписи, не се наведуваат никакви други податоци, како, на пример, точната локација на транспарентите и кој навистина стои зад нив. Па, наместо проверка на информациите, се извлекува едностран заклучок: „ Младите од Скопје со јасна порака за Заев.“

ФОТО Младите од Скопје со јасна порака за Заев Kurir.mkЛинк до оригиналниот напис: ФОТО: Младите од Скопје со јасна порака за Заев

Датум и време на објавување: 28.02. 2016,15:29

Датум на рецензирање: 04.03.2016

Рецензент: Димитар Тануров

 

НАМЕНСКА ИНФОРМАЦИЈА

„Преку големи транспаренти младите му испраќаат порака на лидерот на СДСМ.“

На самиот почеток од текстот се тврди дека младите се автори на транспарентите и нивни поставувачи, иако нема никакви податоци што би укажале на тоа дека навистина станува збор за млади лица. Истовремено, не се ни прави обид да се провери дали, можеби, се во прашање активисти од владејачката партија.

Веста, инаку, доаѓа еден ден по објавувањето на слична фотовест за наводната поддршка на младите за владејачката партија. Ваквата последователна појава наликува на герила-маркетинг, па кога веќе се пишува на оваа тема, требало да се провери дали оваа партија стои зад ова. Ако, пак, не може да се утврди кој точно стои зад транспарентите и доколку станува збор за претпоставка, тогаш тоа треба да се наведе во информацијата што им се пласира на читателите. Впрочем, тоа го налага и членот 1 од Кодексот на новинари.

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.
До колку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.

Во веста, исто така, не се посочува прецизно на кое место се  поставени транспарентите. Иако, локацијата, можеби, е препознатлива за дел од популацијата, сепак таа задолжително треба да се наведе – како што налагаат новинарските правила, но и за да биде појасно за пошироката јавност.

Ваквото генерализирање и презентирање на нецелосни информации укажува дека станува збор за обид за манипулирање на јавноста, односно создавање илузија дека одредена партија, во конкретниот случај владејачката, има широка народна поддршка.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести