verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Со намера да се критикува, се забораваат фактите

on 1 - 03 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #043 - 'Molla Sula e quan Gruevskin diktator p_' - www_shqipmedia_com_molla-sula-e-quan-gruevskin-diktator-pasi-e-bllagosllovi

Напис: Мола Сула го нарекува Груевски диктатор откако го „благослови“

Претседателот на ИВЗ во Македонија, Сулејман Реџепи, вели дека муслиманите од Балканот кои се борат во Сирија претставуваат опасност. Тој го смета поранешниот премиер Груевски за диктатор, пренесува „Телеграф“.

Реџепи ова го изјавил во еден разговор со новинар од балканската мрежа БИРН, одржан во неговата канцеларија во Општина Чаир во Скопје.

Познат и како колумнист, Сулејман Реџепи вели дека често е критикуван, но тој постојано пишува колумни само во свое име како интелектуалец и како граѓанин на оваа држава.

Понатаму, Реџепи говори за мрежата БИРН дека не може да гарантира дека нема криминалци и терористи кај муслиманите, но самата религија не може да се идентификува со реалностите на поединците што само формално ѝ припаѓаат.

[Рецензија: „Мола Сула го нарекува Груевски диктатор откако го „благослови““]

Желбата да се критикува, наводно како дел од професијата, често прави новинарот да стане жртва на професионалните гафови, критикувајќи каде што ќе стигне. Се случува, како во конкретниот случај, авторот да направи оправдани критики, но да не ги третира на соодветен начин.

Shqipmedia - Molla Sula e quan Gruevskin diktator pasi e bllagosllovi 1Линк до оригиналниот напис: „Мола Сула го нарекува Груевски диктатор откако го „благослови“

Датум на објавување: 18.02.2016

Датум на рецензирање: 19.02.2016

Рецензент: Фатлуме Дервиши

Проблемот со овој текст, главно, се состои во самиот наслов „Мола Сула го нарекува Груевски диктатор откако го „благослови““. Зборот „благослови“, што многу убаво можеше да стои на албански „бекои“, не е напишан ненамерно на македонски. Ова сугерира на понижување за Сулејман Реџепи. Намерата како да била да се потсети читателот дека во минатото Сулејман Реџепи го благословил  Груевски (што на индиректен начин значи поддршка), а сега излегол со поинаков став и го смета за диктатор.

„Претседателот на ИВЗ во Македонија, Сулејман Реџепи, вели дека муслиманите од Балканот кои се борат во Сирија претставуваат опасност. Тој го смета поранешниот премиер Груевски за диктатор, пренесува „Телеграф“.“

Текстот опишува едно интервју на Реџепи со еден новинар на БИРН, но не го објаснува насловот. Читател што не ги следел во континуитет активностите на Реџепи, никако нема да може да разбере зошто во наслов стои зборот „благослови“, какво значење има и зошто не е објаснет во текстот.

Новинарот со право можел да се занимава со променетиот став на претседателот на ИВЗ. Ова претставува јавен интерес. Но, такво нешто треба да се аргументира и да се постави прашањето зошто се случило такво нешто.

Текстот како што е напишан се смета за тенденциозен без потреба. Во него нема детали за тоа што се сугерира во насловот.

„Понатаму, Реџепи говори за мрежата БИРН дека не може да гарантира дека нема криминалци и терористи кај муслиманите, но самата религија не може да се идентификува со реалностите на поединците што само формално ѝ припаѓаат.“

Овој е делот што покажува појасно дека врската меѓу насловот и текстот е многу бесмислена.

Проблематична е и сликата. Ставајќи еден „Х“ на сликата на поглаварот на ИВЗ, се зазема еден став од страна на порталот, а тоа не е професионално. Било со зборови или со фотографии, новинарите треба да се дистанцираат од земање страна во веста. Овде јасно се гледа негативната намера на овој текст.

Критиката треба да биде присутна за секоја институција, па макар и за ИВЗ, но таа треба да биде добро аргументирана, со факти и со цитати, во спротивно ќе биде очигледна пристрасноста.

Истата иронична конотација, истиот збор „благослови“, за истата личност, Сулејман Реџепи, била употребена и другпат. Иако оригиналниот напис е тргнат, овде може да ја прочитате рецензијата за написот со наслов „Дали на луксузниот ифтар Реисот го „благослови“  Движењето Беса ?“


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

релевантни,

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести