verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Без трошка новинарски сомнеж

on 26 - 02 - 2016       

Четирите уверувања од преставниците н_ - http___vecer.mk_makedonija_chetiri 11


[Рецензија: Четирите уверувања од претставниците на ЕУ и САД]

 

Зошто рецензија? Затоа што изјава на домашен политичар, со која се карактеризира однесувањето на меѓународната заедница во наредниот период, на публиката ѝ е презентирана безмалку како апсолутна вистина, наспроти јавните настапи на истите тие дипломати кои велат нешто сосема друго.

 1111Линк до оригиналниот напис: Четирите уверувања од претставниците на ЕУ и САД

 Датум и време на објавување: 24.02.2016, 12:37

Датум на рецензирање: 25.02.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

КОПИРАЊЕ НА ГОВОР НА ПОЛИТИЧАР

Во овој текст не е покажано ниту трошка новинарски сомнеж во точноста на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, дадена во раните утрински часови непосредно по одлуката за одложување на распуштањето на парламентот и поместување на датумот за предвремени избори од 24 април за 5 јуни. Не е манифестиран ниту обид за анализа и за проверка на кажаното.

Поедноставено, земен е, поточно ископиран е дел од настапот на Груевски и без речиси никаков новинарски ангажман е објавен. Настрана едноставното симнување на зборовите на претседателот на владејачката партија, и тоа не веднаш, туку по безмалку 12 часа од настанот, што значи дека времето не било ограничувачки фактор, па поради брзање немало простор за сериозна и професионална интервенција во написот. Проблематичниот дел е насловот во кој, како што веќе нотиравме, како апсолутна вистина се пласира изјавата на Груевски дека има четири(те) уверувања од претставниците на ЕУ и на САД во кои, како што тој рече, се предвидувало дека:

„Ова ќе е единствено пролонгирање и нема да има ново барање од нив за пролонгирање изразено во било која форма, дека до изборите на 5-ти јуни повеќе нема да има разноразни преговори за организирањето на изборите, дека нема да има поставувања на никакви нови услови за одржување на изборите на 5-ти јуни вклучувајќи го и законот за медиумите и нема да има нови проценки за тоа дали  земјата е подготвена или не за избори.“

Аха, ова го вели Груевски, а не дека е, барем како што ни се „продава“, директно кажано од меѓународните претставници.

 

ИГНОРИРАНИ ПОРАКИ

Поточно, странските дипломати само неколку часа по ваквиот настап на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ испратија јасни пораки дека преговори за реформите предвидени со Договорот од Пржино, вклучувајќи ги и медиумите, ќе продолжат и во наредниот период.

„Реформите во медиумите остануваат многу важен дел не само од изборниот процес, туку се и една од приоритетните реформи што треба да се спроведат“, изјави американскиот амбасадор Џес Бејли по пролонгирањето на изборите.“

 

„Го нотирам гласањето во Собранието на поранешната југословенска Република Македонија за одложување на изборите на 5 јуни. Договорот од Пржино е жив. Сите партии мора целосно да се ангажираат, да помогнат да се подготват кредибилни избори + да ги поттикнат реформските приоритети, вклучително и на медиумите. Им заблагодарувам на европратениците Иво Вајгл, Едуард Кукан и Ричард Ховит, на амбасадорите на ЕУ, Аиво Орав, и на САД, Џес бејли, и на меѓународната заедница за нивната континуирана поддршка“, напиша Хан на „Твитер“.

 

„Имајте ја предвид изјавата на ЕУ и САД дека медиумите реформи уште се дел од изборниот процес и потребна е напорна работа за изборите да бидат кредибилни“ – напиша Ховит на „Твитер“.

Сите овие изјави се дадени далеку пред објавувањето на текстот што го рецензираме, што значи дека морало да бидат земени  предвид и во најмала рака да се воспостават, ако веќе не да се спротистават, со говорот на Никола Груевски. Но, не, решено е тие да се изземат од текстот и на него да се „залепи“ насловна конструкција која инструира дека изјавата на Груевски е таа – вистинитата.

Новинарството не е само обично копирање на говорите на политичарите, на начин на кој нивната страна, без какво било истражување или анализирање, веднаш е прифатена и обзнанета како вистинита.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести