verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

А зошто возбуда ако СДСМ е „сигурен губитник“?!

on 26 - 02 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Заев не сака одредување на датум за и_ - http___kurir.mk_makedonija_vesti_z 11

[Заев не сака одредување на датум за избори затоа што знае дека ќе ги загуби]

 

Текстот е напишан со единствена цел да се омаловажи лидерот на СДСМ. Впрочем, тоа е „закон“ за написите што се ставаат на браникот на владејачката партија, воопшто не водејќи сметка за етичките и професионални стандарди. Ваквите содржини се пристрасни „до небо“, а за втората страна – златното правило во оваа професија – како и да не чуле.

zaev izbori anketiЛинк до оригиналниот напис: Заев не сака одредување на датум за избори затоа што знае дека ќе ги загуби

Датум и време на објавување: 23.02.2016, 12:31

Датум на рецензирање: 24.02.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

НА БРАНИКОТ НА ВЛАСТА

Написот ја турка тезата дека Заев заговара одложување на изборите затоа што, наводно, стварвува дека ќе доживее тежок дебакл.

„Опозицискиот лидер Зоран Заев не сака одредување на датум за избори затоа што знае дека истите ќе ги загуби. Според анкетите на реномираните институти за мерење на рејтингот, СДСМ ќе се соочи со тежок пораз од граѓаните на претстојните избори.“

Па, ако сето ова е вистина, зошто тогаш толкава паника? При ваков расплет на настаните, логично би било да се остави СДСМ да изгуби, а со тоа уште повеќе да се намали влијанието на оваа партија и на опозицијата во целина. Тоа, секако, би дошло како „кец на десетка“ за ВМРО-ДПМНЕ.

Или, сепак, можеби има некаква резерва кон анализите на „реномираните институти“, кои предвидуваат блескава победа на владејачката партија? Особено, ако тие „анализи“ се со постар датум и веќе има посвежи истражувања кои не одат баш во прилог на ВМРО-ДПМНЕ и веројатно затоа не биле интересни за оваа објава.

Но, покрај „реномираните институти“, за неприкосновената популарност на власта наспроти неомилената опозиција, во написот говорат и „виртуелни“ експерти.

„Според експертите, ваквиот одговор на Заев јасно говори дека СДСМ не сака избори ни во април, ни во јуни, ниту во септември.

Експертската јавност многу пати досега коментираше дека евентуалното одложување на изборите е посакувана цел за СДСМ поради нивниот страв од народот.“

Ова е востановена практика да се пренесуваат „изјави“ од наводни експерти или нивни мислења, а да не се кажува нивното име. Иако е логично експертот да се претстави со цело име и презиме, па читателите самите да проценат дали и колку можат да веруваат во неговата експликација. И, секако, да одлучат дали ќе го уважат неговиот став или не.

Инаку, настрана фактот што во текстот  нема обид ниту да се земе изјава од лидерот на СДСМ, во него недостига и мал историјат за оцената на меѓународната заедница за можноста за одржување на изборите на 24 април.

Така што, доколку оваа медиумска содржина се оценува од 1 до 5, таа не ја заслужува ниту најниската оценка.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести