verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Кога неодговорна изјава ќе ја „забибери“ веста

on 26 - 02 - 2016       

02242016-Utrinski-Monografi 11

[Рецензија: Скопје за првпат ќе добие монографија]

 

Во природата на новинарите е да бидат скептични, сомничави, да прашуваат. Не е тоа ништо лошо. Напротив. Може да ги заштити новинарите од многу непријатни ситуации, во кои можат да ги стават тие за кои известуваат – разните извори, особено политичарите.

Текстот што го рецензираме почнува со следните три реченици:

„Скопје за прв пат ќе добие монографија. И тоа в година. Веројатно малкумина знаат дека главниот град досега воопшто немал таква печатена книга.“

И тоа воопшто не е точно.

На оваа информација реагираа голем број граѓани на социјалните мрежи. Ние, за пример, ќе ја земеме реакцијата на госпоѓа Соња Абаџиева, наша позната историчарка на уметноста, кураторка, автор и уредник на многубројни печатени изданија и поранешна директорка на Музејот на современа уметност. Значи, сосема релевантен извор. Таа на својата фејсбук-страница напиша:

„Ова е дезинформација. Во 1970 година со потпис на Славко Јаневски е издадена голема црно-бела монографија за Скопје, кога градоначалник беше Љупчо Ставрев (330 страници). Во 1975 година е издадена исто така голема монографија, но во боја (260 страници).“

02242016-Utrinski-MonografiЛинк до оригиналниот напис: Скопје за првпат ќе добие монографија

Датум и време на објавување: 23.02.2016, 15:32

Датум на рецензирање: 25.02.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

НЕТОЧНА ИНФОРМАЦИЈА

Нашата дополнителна истрага укажа на уште една монографија. Онаа наречена„Монографија за Скопје“, на поранешниот директор на Архивот на град Скопје, Кирил Дојчиновски, во издание на „Матица македонска“ во 2006 година.

Една друга интересна информација укажа дека авторите на монграфија за Скопје, во 1971 година биле наградени со наградата „13 Ноември“, што ја доделува Градот Скопје. Оваа информација стои на официјалниот интернет-портал на Градот.

Ете колку е битно да се биде скептичен, љубопитен, сомничав новинар. Таа особина, освен што ќе укаже на неинформираноста на твоите извори, ќе ти открие многу дополнителни интересни сознанија кои твојата, новинраска приказна, ќе ја направат сеопфатна и точна.

Тоа е добра особина и поради навиките на некои извори, особено тие од политиката, да бидат неодговорни и да ги украсуваат своите настапи заради политички придобивки. Политичарите не се експерти ниту, пак, којзнае какви хроничари и познавачи.

Затоа, нивните изјави треба да се земаат cum grano salis. Со неопходна скепса, за да не ви ја пресолат и забиберат вашата новинарска сторија.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

делумно

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

неточна информација

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести