verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Од спектакуларен наслов до новинарски дебакл

on 25 - 02 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 Вирусот Заев _ - http___zurnal.net_ 11

[Од медиумски спектакл до морален дебакл – Вирусот Заев смртоносен за опозицијата]

 

Овој текст воопшто не наликува на новинарски, бидејќи во себе не содржи ништо од она што по правило треба да го има во една новинарска статија. Имено, во написот нема информација, нема извори, тој е несеопфатен и коментаторски, блед обид за манипулација.

Од медиумски спектакл до морален дебакл – Вирусот Заев смртоносен за опозицијата zurnal.netЛинк на оригиналниот напис: Од медиумски спектакл до морален дебакл – Вирусот Заев смртоносен за опозицијата 

Датум и време на објавување: 18.02.2016

Датум на рецензирање: 23.02.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

ОПОЗИЦИЈАТА – ОКУПАТОР?!

Овој новинарски напис се обидува на читателот да му објасни и да му претстави што покажала првата акција на Специјалното обвинителство, насловена „Титаник“. Притоа, за изнесените наводи не постојат никакви докази, ниту факти. Не е посочено кој го заклучил тоа, туку само се прави обид да се креира спин и да се создаде поинаква слика во јавноста.

„Опозицијата нема намера да го демократизира општеството туку да го окупира.“

Тука не е јасна фактичката врска на опозицијата со Специјалното обвинителство и со акцијата „Титаник“. Како е можно покренување обвинение за сторено кривично дело од страна на СЈО да има некаква поврзаност со обидот на опозицијата да го демократизира општетсвото, па уште и да го окупира? Не се наведени ниту конкретни докази за тоа како опозицијата мисли да го „окупира“ општеството.

„Специјалното обвинителство пропушти голема шанса да ја врати довербата во судството и покажа дека настапува како продолжена рака на Заев и неговите странски ментори.“

Специјалното обвинителство се формираше токму поради тоа што довербата во судскиот ситем е нарушена и обвинителството не може да ја враќа довербата во судството, имајќи предвид дека предметот „Титаник“, што го покрена СЈО се води пред Кривичниот суд. Исто така, нејасно е на кој начин СЈО покажало дека настапува „како продолжена рака на Заев и неговите странски ментори“. И кои се тие странски ментори?

 

ВИРУСОТ ЗАЕВ!

„Професионалните стандарди кај медиумите што милуваат да се нарекуваат независни никогаш не биле на пониско ниво, а опозициските новинари никогаш не се потпирале повеќе на лаги и на манипулации место на факти и на аргументи.“

И тука повторно недостигаат аргументи и примери за тоа на кој начин се нарушени професионалните стандарди, не е наведено кои се медиумите кои „милуваат да се нарекуваат независни“ и на кој начин опозициските новинари се потпирале на лаги и на манипулации. Во написот се зборува за факти и за аргументи, а токму тоа е она суштинското што недостига во него.

„Сето ова, пак, води до еден заклучок – вирусот заев што предизвикува комплетна ерозија на моралните и на етичките човечки вредности сериозно е раширен не само кај неговите најблиски партиски соработници, туку и врз специјалната обвинителка и меѓу неговите медиумски труби.“

Сето ова, сепак, води кон еден друг заклучок: дека овој текст е блед обид за манипулација со читателите, кој личи на сè, освен на новинарски производ.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести