verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Соопштение од ЈО читано со диоптријата на власта

on 22 - 02 - 2016       

 

Републичкото Јавно обвинителство со с_ - http___kurir.mk_makedonija_politik 11

[Рецензија: Републичкото Јавно обвинителство со став: Обидот на Катица Јанева да ги спасува Заев и Верушевски е политички и нелегален]

 

(Пре)слободно толкување на соопштението од Јавното обвинителство и со исклучително неновинарски политички квалификации. Четиво неоправдано обременето со обоено „интро“. Материјалот наликува на некаков текст-посредник во судирот меѓу Специјалното и Јавното обвинителство, за тоа дали треба или не да се трансферираат три предмети: оние против ексразузнавачот Зоран Верушевски и неговиот син и оној за „Маѓар телеком“.

 11111Линк до оригиналниот напис: Републичкото Јавно обвинителство со став: Обидот на Катица Јанева да ги спасува Заев и Верушевски е политички и нелегален

 Датум и време на објавување: 17.02.2016 13:33

 Датум на рецензирање: 18.02.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

ПРОИЗВОД СО ДЕКЛАРАЦИЈА „МЕЈД ИН ПАРТИСКИ ЦЕНТАР“  

Фактички, проблемот е што овој „медиумски посредник“ зазел страна и тоа таа на Јавното обвинителство и притоа неговата одлука за недоставување на предметите до тимот на Катица Јанева, максимално ја исполитизирал. Истовремено, во јавноста испратил невистинита инфрмација:

„Републичкото Јавно обвинителство испрати соопштение до јавноста во кое јасно наведува дека обидот на Катица Јанева да ги спасува Заев и Верушевски е политички и нелегален. Јанева во спасувачка акција на Заев и Верушевски сака да ги превземе предметите кои не се во нејзина надлежност, односно немаат никаква поврзаност со прислушуваните разговори.“

Значи, во соопштението од ЈО никаде не се споменува ниту Јанева, ниту Заев, ниту Верушевски, ниту, пак, некакво нивно спасување како што спектакуларно се тврди. Јавното обвинителство со техничко-судски речник образложува (не навлегуваме во тоа дали аргументите држат зашто тоа не е дел од рецензијава), зошто така постапило, ама притоа никаде не дава квалификации какви што ни се продаваат во насловната конструкција и на почетокот од написот.

Да, дописот од Јавното обвинителство во одредени делови е остар и можеби тенденциозен, ама не на начин на кој се претставува во овој текст:

„Основното јавно обвинителство – Скопје цени дека предметите што се бараат не се поврзани, ниту пак произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, па од тука барањата на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите не се во согласност со Законот, како и дека со таквото барање се пречекорени овластувањата што на jавниот обвинител кој раководи со тоа обвинителство му се дадени со Законот.“ (соопштение на Јавното обвинителство, 17.02.2015)

Се подразбира дека работа е на новинарот да ѝ го раскаже настанот на публиката на разбирлив начин, ама не и да го вулгаризира, и, како во случајов, да го претвори во безмалку партиско соопштение. Ако веќе се сакало да се „соголи до коска“ ситуацијата, тогаш ова сигурно не бил соодветниот начин, зашто приказната има две страни – и онаа на Јавното и онаа на Специјалното обвинителство, но манипулаторски, со додадени формулации, пренесена е само едната, а другата е претставена како кабаетлија дека сакала, ама не успела некого да спасува.

Јасно е дека во овие обвинителско-судски игри има многу политика, како и што покажаа настаните во изминатите десетина дена. На сета таа какофонија создадена кај дел од јавноста, сигурно „за капак“ не требаат и вакви медиумски материјали со декларација „мејд ин партиски центар“ – тврдење поткрепено со нагласено пристрасна и неточна насловна конструкција.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести