verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Внимание: „кромид-вест“!

on 19 - 02 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

ПАНИКА_ Во продажба портокали заразен_ - http___kurir.mk_svet_vesti-svet_pa 11

[Рецензија: ПАНИКА: Во продажба портокали заразени со ХИВ позитивна крв]

 

Текстот е невистинит, создава паника кај граѓаните, а главна причина за неговото објавување е собирање на повеќе кликнувања. Истовремено, станува збор за „кромид- информација“ која е стара повеќе од една година, а во написот не се ни прави обид да се демистифицира целата „теорија на заговор“.

ПАНИКА Во продажба портокали заразени со ХИВ позитивна крв Kurir.mkЛинк до оригиналниот напис: ПАНИКА: Во продажба портокали заразени со ХИВ позитивна крв

Датум и време на објавување: 14.02. 2016,19:43

Датум на рецензирање: 18.02.2016

Рецензент: Димитар Тануров

 

СТАРА И НЕТОЧНА ИНФОРМАЦИЈА

„На интернет деновиве се прошири вознемирувачка вест дека Царинската служба на Алжир открила големо количество портокали, увезени од Либија, во кои била вбризгана ХИВ позитивна крв.“

Текстот се темели на непроверени информации кои повторно се појавија на интернет, а кои се невистинити. Станува збор за неточна информација што првпат се појави во март минатата година (2015), а неколку месеци подоцна – во ноември, со мали измени на податоците повторно стана хит на социјалните мрежи. Потоа имаше и варијација на веста, банани инфцирани со вирусот ХИВ.

Според првичните (дез)информации од март минатата година, алжирските царински служби, наводно, откриле портокали од Либија кои биле инфицирани со вирусот ХИВ. Новиот текст, кој се појави минатиот викенд, оди и подалеку, наведувајќи дека можеби станува збор „уште една погубна стратегија на џихадистите во Либија“.

И покрај тоа што веста е ставена во категоријата „свет“, сепак таа испраќа панична порака и до македонските граѓани, истовремено давајќи им „совет“:

„…иако Македонија не увезува портокали од земјите зафатени со војна, сепак проверете пред конзумирање.“

Во оваа објава воопшто не се пренесува ставот на епидемиолозите дека вирусот ХИВ не се пренесува преку дигестивниот тракт и оти самиот вирус не може да преживее во надворешни услови.

Ваквиот начин на информирање е спротивен на принципите од Кодексот на новинарите, поточно на член 1:

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.

До колку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.

Објавувањето невистинити информации  ја урива довербата на читателите во медиумот кој во потрага по поголема читаност, може да се соочи со губење на дел од публиката.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

прикажува невистина

лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести