verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Седум минути спинувани во 22 секунди

on 22 - 02 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

СКАНДАЛ_ Заев бара ослободување од пр_ - http___kurir.mk_makedonija_vesti_s 11

[Рецензија: СКАНДАЛ: Заев бара ослободување од притвор на терористите од Диво Насеље]

 

Станува збор за голем спин врз основа на кој потоа е граден целиот текст. Ова е пример како не треба да изгледа еден новинарски напис. Од една изјава, на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, која не е целосно пренесена, се прави конструкција која нема никаква врска со вистината.

zaev divo naseljeЛинк до оригиналниот напис: СКАНДАЛ: Заев бара ослободување од притвор на терористите од Диво Насеље

Датум и време на објавување: 16.02.2016, 14:38

Датум на рецензирање: 17.02.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ИСКАСАПЕНА ИЗЈАВА

Тоа што текстот е подолг и има фотографии, ни најмалку не значи дека се работи за вистинит и за содржаен материјал. Најголемата грешка е тоа што не е дадена целата изјава на Заев, туку како извор се користи принтскрин на прилог од друг медиум, при што акцентот се става на насловот „Заев: Сите обвинети да се бранат од слобода“, кој, пак, во текстот што го рецензираме наменски се толкува.

Во написот е приложена видеоснимка, но таа трае само 22 секунди, а говорот на Заев траеше речиси седум минути. За работите да станат појасни, го прикажуваме целиот видеозапис, од кој се гледа дека насловот е целосно невистинит:

„СКАНДАЛ: Заев бара ослободување од притвор на терористите од Диво Насеље“

Ако се погледне интегралниот текст на изјавата на Заев, станува јасно дека фрагмент од неговиот исказ е изваден од контекст. Во интерес на вистината, треба да се каже дека претседателот на СДСМ на граѓанската дебата „Слободно општество и социјална правда“ организирана од Граѓаните за Македонија рече:

„Четвртата (независна институција н.з.) ќе е правосудството. Мора. Тргнаа работите. Не ни се бендисува тоа што можеби нема притвор. Впрочем, пак да прашам, на 5-ти март студенти притвараа. Ги бркаа по библиотеките за да ги затворат студентите!

По градација по Кривичниот законик , злосторничко здружување заради уништување на едно од највозвишените права – слободно изразена волја на граѓаните е највисоко конкретирана. И тие луѓе коишто се осомничени за тоа, не се во притвор. Какви се аршините на судот што одлучува? Да ги пуштат веднаш сите притворени луѓе во Македонија. Мора да ги пуштат сите, заради тоа што сите се со пониска градација од злосторничко здружување. Треба да ги пуштат сите што се во притворите.“

Меѓутоа, овој текст не сакал да ја пренесе вистината, туку да ја спинува, притоа туркајќи ја тезата дека Заев бара ослободување на криминалци и на терористи!

„Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, бара сите криминалци во земјава кои се во притвор да излезат на слобода.

Освен убијци и педофили, меѓу лицата за кои Заев бара слобода се и терористите од Диво Насеље. Имено, Заев побара сите лица што моментално се во притвор да се ослободат.“

И токму ваквиот начин на пишување е спротивен на основните принципи на професионалното новинарство:

Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес.

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.

Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.

Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.  (Кодекс на новинарите – член 1)

Појавата, пак, на вакви и слични написи истовремено на повеќе медиуми, говори за своевиден синхронизиран напад на Заев за негово политичко дискредитирање.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни, нерелевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

селективно наведен автор (извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести