verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Текстот секогаш треба да има и втора страна

on 19 - 02 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Напис: „Политичките пријатели“ на Зоран Заев (ФОТО)

Лидерот на македонската опозиција вечерва во еден скопски ресторан приредил вечера за своите „советници“. На оваа трпеза се гледа и новинарот Мухамед Зекири, кој, како што се гледа од самата фотографија, со нетрпение чекал да направи една „селфи“ со лидерот на македонската опозиција.

По социјалните мрежи се зборува дека овие можеби се и „советници“ на Заев и за време на вечерата можеби разговарале за стратегијата на опозицијата во иднина, како и за законот за медиуми (?!), известува „Тетова сот“.

Инаку, Заев последниве денови се сретнал и со лидерите на помалите партии на Албанците, како што е Гзим Острени, Зијадин Села, Весел Мемеди, при што не е исклучена и можноста за предизборна соработка.

[Рецензија: „Политичките пријатели на Зоран Заев (ФОТО)]

Новинарот често „се губи“ обидувајќи се да известува врз основа на својата перцепција за настаните, а ни малку врз основа на фактите со кои треба да ја прецизира веста што сака да ја пренесе пред јавноста, пред која треба да сноси и одговорност. Во рецензираниот текст, има етикетирања за одредени личности, како воопштени, така и такви со име и со презиме.

download (1)Линк до оригиналниот напис: „Политичките пријатели“ на Зоран Заев (ФОТО)

Датум и време на објавување: 04.02.2016

Датум на рецензирање: 12.02.2016

Рецензент: Џенис Сулимани

Овој текст е базиран на една единствена слика за која авторот пишува како што му е нему по ќеф, без да се потруди да земе изјава од некој од протагонистите на настанот за да има подобро објаснување.

„Лидерот на македонската опозиција вечерва во еден скопски ресторан приредил вечера за своите „советници“. На оваа трпеза се гледа и новинарот Мухамед Зекири, кој, како што се гледа од самата фотографија, со нетрпение чекал да направи едно „селфи“ со лидерот на македонската опозиција“.

Авторот го почнал насловот со „Политичките пријатели“ на Зоран Заев, алудирајќи така на новинарите кои се присутни во вечерата заедно со лидерот на СДСМ, а некаде околу средината на текстот „пријателите на Заев“ ги претвора во „советници“. Потоа тој шпекулира дека овие вторите можеби разговарале за стратегијата на опозицијата (без да каже за каква стратегија мисли конкретно). Велам, шпекулира затоа што во текстот не е опфатена и другата страна, со што би се потврдило тоа што го напишал авторот. Ниту еден од оние што ги гледаме на сликата не е опфатен како извор за напишаниот текст. Во продолжение авторот се обидува да ја образложи оваа „сензација“ со коментарите од социјалните мрежи, извор кој не секогаш е релевантен за еден вистински новинарски напис.

„По социјалните мрежи се зборува дека овие можеби се и „советници“ на Заев и за време на вечерата можеби разговарале за стратегијата на опозицијата во иднина, како и за законот за медиуми?!, известува „Тетова сот“.“

Јавноста има потреба за објективно, а не субјективно известување. Новинарските продукти кои не се целосни, не се сеопфатни, кои не се засноваат на најмалку два извори и кои се без факти, не можат да бидат објективни и како такви се претвораат во коментари маскирани како вест, прекршувајќи го на овој начин основното начело на новинарството, односно да се биде објективен.

„Новинарот треба да обезбеди „втора страна“, односно да им даде можност на сите засегнати од новинарскиот продукт да го искажат својот став. Ова уште повеќе доаѓа до израз кога новинарот изнесува сомневања или обвинувања или кога некој е предмет на напад или критики“, пишува во Прирачникот за етика во новинарството.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

Се базира на сликата

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

не аплиактивно

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести