verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сам новинар прашува, сам новинар одговара

on 19 - 02 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

02172016-Republika-Zaev-Kat 11

[Рецензија: Сомнителни чекори на Катица Јанева: Повлекува предмети кои немаат никаква поврзаност со прислушуваните разговори]

 

Познат е оној стереотип за новинарите како „сезнајковци што ништо не знаат“. Овој текст му оди во прилог на овој стереотип, за жал.

Познати и препорачливи се базичните лекции за новинарите, кои велат дека своите текстови, тези и тврдења журналистите треба да ги поткрепуваат со извори. Тие извори, меѓу другото, можат да бидат искуствени, експертски или овластени („Биди новинар“, Б. Героски, Матица македонска, 2005).

Темата за која зборува овој текст е иницијативата на СЈО да ги добие предметите: „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“ и „Прикажување на порнографски материјал на дете“, кои им беа ставени на товар на таткото и на синот Верушевски. Елементарно правило е кога се работи за ваква материја, особено стручна и деликатна, новинарите целосно да се потпираат на извори.

02172016-Republika-Zaev-KatЛинк до оригиналниот напис: Сомнителни чекори на Катица Јанева: Повлекува предмети кои немаат никаква поврзаност со прислушуваните разговори

Датум и време на објавување: 16.02.2016, 14:12

Датум на рецензирање: 19.02.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

И СЕГА? „ШУ ПРАИМЕ?“

Не велиме дека со текот на времето и искуството и новинарите не можат да станат експерти по овие прашања, но во овој случај, бидејќи имаме непотпишан текст, имаме сериозна основа да се сомневаме во стручноста на авторот. Уште повеќе зашто во овој текст многу повеќе доминира политичката боја, отколку стручната експертиза.

Исто така, не треба да се биде којзнае каков правник за да се препознае дека овие предмети требаше да бидат супституција за недостигот од докази, со кои требаше Верушевски да се обвини за случајот „Пуч“. Но, затоа, пак, треба да се биде сензитивен и професионален новинар кој ги препознава таквите индиции.

Меѓутоа, дури и во таков случај, таа оцена треба да ја даде авторитетен експерт. Така е професионално и одговорно.

Освен тоа, во вакви случаи не може новинарот да поставува прашања и самиот да си дава одговори. Уште повеќе, треба да им се даде време на тие во СЈО да образложат зошто ги преземаат предметите.

Впрочем, и според Законот за јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и што произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, во членот 5, кој ги одредува овластувањата и надлежностите на ова обвинителство, во ставот 4 се вели:

„Јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство има целосна надлежност и овластување независно да ги извршува сите истражни и обвинителски функции на Јавното обвинителство, кои вклучуваат и преглед на сите достапни документарни докази од кој било извор.“

И сега? „Шу праиме?“

Терминот „повлекува“ е, исто така, тенденциозен бидејки преземањето не значи дека обвинетите во тие предмети се ослободени од вината и зошто СЈО не би истражувало дали има врска меѓу овие предмети и потенцијалните случаи што произлегуваат од снимените разговори?

Заради тоа, овој текст е уште еден од тие што прекршуваат неколку членови од Кодексот на новинарите:

  • Да бидат објавувани точни, проверени информации и да не се прикриваат суштински податоци (Член 1);
  • Да го назначува изворот на информации (Член 4) и
  • Да биде непристрасно, избалансирано за да се обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти (Член 13).

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

Делумно

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести