verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Фотомонтажа и теорија на заговор

on 16 - 02 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Зоран Заев најави, а Јанева денес наст_ - http___kurir.mk_video_katitsa-jane 11

[Рецензија: Зоран Заев најави, а Јанева денес настапи со политичка прес-конференција]

 

Текстот e едностран и повеќе коментира отколку што презентира информации. Фактите, пак, кои делумно ги прикажува се искористени за да се направи спин и да се извалка професионалноста на специјаната обвинителка и на нејзиниот тим. Пишуван во ваков манир, написот испраќа целосно извитоперена слика во јавноста. Инаку, оваа објава се наоѓа во сосема несоодветна категорија (видео), иако во неа нема аудиовизуелни содржини.

Зоран Заев најави а Јанева денес настапи со политичка прес конференција Kurir.mkЛинк до оригиналниот напис: Зоран Заев најави, а Јанева денес настапи со политичка прес-конференција 

Датум и време на објавување: 12.02. 2016,12:21

Датум на рецензирање: 14.12.2015

Рецензент: Димитар Тануров

 

ИЗВИТОПЕРЕНА СЛИКА

Не само насловот, туку и главата на текстот најавува дека написот повеќе ќе коментира, отколку што ќе презентира факти и информации, иако не станува збор за колумна или коментар. Првата реченица, која истовремено е и поднаслов, е коментаторска и во неа само бегло се нафрла за што конкретно била прес-конференцијата:

„Политичка и полна со пристрасност прес-конференција одржа денеска специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на која ја најави првата акција под името „Титаник“, за како што рече, дела поврзани со изборите.“

Веднаш потоа се нижат квалификации за настапот на специјалната обвинителка:

„Во ретко виден несигурен настап, кој не доликува на орган на прогонот, Јанева не успеа ниту точно да го прочита тоа што и беше напишано…“

Текстот  многу повеќе изгледа како блогерско презентирање теорија на заговор, отколку како пренесување на информациите за настанот. Во написот се алудира дека прес-конференцијата на СЈО е обид да се спаси угледот на лидерот на СДСМ, Зоран Зарев, по интервјуто во „Сител“. Се прави обид, преку презентирање изјави од Јанева и од Заев, да се дискредитира специјалната јавна обвинителка, прикажувајќи ја како политички обоена и партиска личност, која партиските интереси ги става над професионалните.

 

ПРЕМОЛЧУВАЊЕ

За да се зајакне таквиот впечаток, како илустрација на текстот (и тоа на две места) е употребена фотомонтажа од постерот за филмот „Титаник“, на која се прикажани ликовите на Заев и на Јанева, како и знакот на СДСМ.

Дури на крајот на текстот, критикувајќи го известувањето на друг медиум, се открива дека СЈО покренало барање за истрага за лице осомничено за изборни нерегуларности. Во ниту еден дел од написот не се кажува дека станува збор за осум осомничени лица, ниту пак, се наведуваат функциите што тие ги извршувале. Причината за прикривањето, пак, се правда со презумција на невиност, односно дека секое лице е невино сè додека не се докаже спротивното.

Вака конципираниот текст, прикривајќи податоци и коментирајќи непотврдени информации, ја дезинформира јавноста. Во него јасно се препознава намерата да се урне кредибилитетот на СЈО и на првиот човек на оваа институција.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

2 извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести