Наместо известување, етикетирање
Објавено во Рецензии
on 15 - 02 - 2016 Автор: Владо Ѓорчев
[Рецензија: ФОТО: Кој всушност стои зад денешниот протест на приватните специјализанти?]
Текстот што го рецензираме натежнува од пристрасност и има цел да го дискредитира протестот на специјализантите. Овој материјал не известува за суштината на собирот, туку обележува личности како блиски на најголемата опозициска партија, што е, практично, единствената причина протестите да бидат квалификувани како „сдсмовски“.
Линк до ориги налниот напис: ФОТО: Кој всушност стои зад денешниот протест на приватните специјализанти?
Датум и време на објавување: 10.02.2016, 14:04
Датум на рецензирање: 12.02.2016
Рецензент: Владо Ѓорчев
НО, ЗОШТО ПРОТЕСТИРААТ СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ?
Во текстот нема ниту една изјава, ниту потврда за напишаното. Сите наводи во оваа „фото-сторија“ се произволно нафрлени и зачинети со коментари. Втората страна на приказната е комплетно игнорирана.
„Од фотографиите е јасно дека станува збор за лојален поддржувач на СДСМ, дури и верен посетител на нивниот “Камп на слободата“.“
Основно граѓанско право, загарантирано со Уставот (член 21), е правото на протест и тоа нема врска со нечија политичка определба, партиска блискот или припадност.
Не е првпат во медиумите да има текстови во кои се етикетираат протести поради учесниците. Но, бидејќи, нели, новинарите работат за јавниот интерес, би било логично од читањето на текстот барем да се дознае зошто се протестира.
Во интерес на вистината, треба да се каже дека на 10 февруари годинава, стотина специјализанти се собраа пред Министерството за здравство и побараа:
„… да не се снимаат испитите преку видео и да се емитуваат на интернет, велат „не“ за работа без плата, за неплатените дежурства, за лихварскиот договор и за јавното деградирање како идни лекари.“
Што се однесува до фотографиите, на нив се издвојува само една група луѓе и се испраќа манипулативна порака дека протестот е политички (опозициски) обоен. На крајот, пак, текстот се обидува да ја оправда мерката на Владата, против која протестираа специјализантите.
(НЕ)НОВИНАРСТВО
Начинот на кој е напишана и пласирана оваа медиумска содржина целосно отскокнува од принципите на етички исправното новинарство. Во текстот се прекршени преамбулата од Кодексот на новинарите:
Основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана во согласност со член 16 од Уставот на Република Македонија.
Прекршени се и повеќе членови од Кодексот, меѓу кои:
Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. (1)
Новинарот ќе го назначи изворот на информациите, но ако изворот бара да остане анонимен, новинарот ќе го заштити. (4)
Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот. (13)
Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти. (14)
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
делумно
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални, анонимни
релевантни, нерелевантни
не може да се утврди
повеќестрани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови