verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Стара вест со нов бомбастичен наслов

on 15 - 02 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

НОВА Ново и остро соопштение од ЕУ_ Престанете _ - http___novatv.mk_index.php 11

[Рецензија: Ново и остро соопштение од ЕУ: Престанете со нападите врз Јанева]

 

Написот пренесува стари информации, а соопштението е целосно испревртено и со бомбастичен наслов се обидува да создаде претстава дека има нови реакции, кои не се ниту прецизно лоцирани.

НОВА Ново и остро соопштение од ЕУ Престанете со нападите врз ЈаневаЛинк до оригиналниот напис: Ново и остро соопштение од ЕУ: Престанете со нападите врз Јанева 

Датум и време на објавување: 09.02.2015, 17:17:18

Датум на рецензирање: 12.02.2015

Рецензент: Димитар Тануров

 

ПОДМТЕНАТО „БАЈАТО“ СООПШТЕНИЕ

„ЕУ ги повикува политичките партии да соработуваат со Специјалната јавна обвинителка, да прекинат со напади врз ова независно тело и да престанат со заплашувања врз јавни функционери чија што задача е да ги подготват изборите, се вели во соопштението на ЕУ.“

Текстот се темели на интерно соопштение кое датира од 4 февруари, објавено на 9 февруари. Со бомбастичниот наслов се добива впечаток дека станува збор за најнова реакција и тоа која е дадена дури и по средбата на евроамбасадор Аиво Орав и на другите ЕУ-амбасадори со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, на која дипломатскиот кор ѝ изрази целосна поддршка.

Во текстот не се лоцира ниту кој точно го издава соопштението, кое не само што не е линкувано, туку не е прикажано ни како принтскрин. Во материјалот што е пред нас не се пренесени нови реакции, туку се парафразирани изјавите на претставниците на ЕУ од Брисел, како и на амбасадорот Аиво Орав и на американскиот амбасадор Џес Бејли по средбата со техничкиот премиер Емил Димитриев.

Испуштањето на овие податоци создава впечаток дека намерно се изигрува читателот, имајќи предвид дека во самото соопштение јасно се посочува дека станува збор за делегација на ЕУ при постојаниот Совет на ОБСЕ, која со вакви соопштенија брифира за претходни активности на Унијата за одредена ситуација.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести