verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Позајмени семејни стебла за креирање подмолни заклучоци

on 15 - 02 - 2016       

http___infomax.mk_wp_ 11

 

[Рецензија: КОЈ Е ГАВРИЛ БУБЕВСКИ? Дете на транзициски олигарх, мајка судијка и кум на адвокатот на Зоран Заев!]

 

Кога ќе ја прочитате оваа статија, сигурно ќе се почувствувате како да сте во кино-сала во која се прикажуваат измешани ленти на филмови – час имате обид за некаков документарец кој би се држел до вистината, потоа имате комедија на забуната, па влетувате во шпионски трилер и следите некого каде пие кафе или јаде кифла, и притоа, гледате кој му прави друштво. На крајот ќе се прашате што воопшто сте гледале и кој ве измамил да влезете „во филмот“.

И можеби и тоа некако би минало ако не се работи за нешто крајно сериозно – „рецензија“ на кариерата на еден од обвинителите во Специјалното јавно обвинителство, која уште на почетокот нема коректна намера туку е дел од спинувањето на јавноста во однос на квалитетот на обвинителите.

http___infomax.mk_wp_Линк до оригиналниот напис: КОЈ Е ГАВРИЛ БУБЕВСКИ? Дете на транзициски олигарх, мајка судијка и кум на адвокатот на Зоран Заев!

Датум и време на објавување: 13.02.2016

Датум на рецензирање: 15.02.2016

Рецензент: Љубомир Костовски

 

КАДЕ Е БИОГРАФИЈАТА НА БУБЕВСКИ?

„Гаврил Бубевски е прилично непозната личност во правничката фела, но и општо во пошироката македонска јавност, главно поради тоа што нема големо правничко искуство, а и во она кратко нема некои позначајни успеси. Знаејќи го ова се поставува прашањето како некој неискусен, релативно анонимен лик станува обвинител во СЈО.“

По овој вовед во текстот би очекувале да видите биографија како кај оние, во јавноста наречени „сваровски-судијки“, кои буквално од нечија канцеларија ќе отидат дури и во некој виш суд (!), иако немаат ниту еден ден судска практика.

Но, не, нема да чуете ни тоа каков студент бил, дали навреме ги завршил студиите, кога го положил правосудниот испит, каде имал практика… Ништо од сето ова, што, секако, е релевантно за да оцениме дали е некој анонимус, неискусен и, згора, нестручен обвинител. Очекувајќи оценки од институции надлежни за тоа, кои секако постојат, пред нас се отвора цел спектар на лични врски, кои се надградуваат на врските на неговите врски и се оди така кон некоја семејна пирамида (згора и туѓа) и тоа со генерации наназад.

Просто да се прашате, со оглед дека Бубевски веќе бил обвинител во ОЈО, да не има некој кимка на Зрлевски: па тој работел и опстојувал главно под команда на „обичниот“ републички јавен обвинител. Зошто овој раководител во системот го толерирал толку долго и упорно?

 

ТУЃА БИОГРАФИЈА И ИНСИНУАЦИИ

Заради методот на оценка кој е применет тука, да цитираме:

„Гаврил Бубевски во јавноста е познат како кум на Филип Медарски, кој пак е адвокат на Зоран Заев. Елица Медарска пак, мајка на адвокатот на Заев и СДСМ, Филип Медарски, е обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје. Софија Медарска претходно Спасова, пак, сопруга на Филип Медарски е судијка во скопскиот Основен суд 2. Софија е ќерка на Ристе Спасов, секретар на судот.“

Како тргнал прилогот, ќе нè одведе до Адам и до Ева! Најпрвин одредницата „прилично непозната личност во во јавноста“, е  комплетно исфрлена од ракав. Обвинителите и не треба да се многу познати, освен нивниот шеф, бидејќи тие треба да бидат личности во сенка.
Всушност, во написот се сака да се каже дека Бубевски е дел од некаков судски естаблишмент, ама тоа го нема (неговата мајка била судијка во основен суд и толку), па се „позајмува“ комплетно туѓа биографија, што доведува до тоа едноставно да имаме подметнувачки текст без никаков етички критериум.
Целата содржина е во тој дух: во насловот стои дека татко му бил олигарх! Што е тоа олигарх? Бил директор на фирма која имала – замислете – 200 кози и 300 крави! Таму работеле, „стотина а можеби и илјада вработени“ ( а да се распрашал авторот за точната бројка, која е секако важна)…

И сè така по ред, сè до крајот каде стои дека Бубевски бил „заведувач“ и се инсинуира конструкција, која заслужува да има постапка пред правосудните органи. Одново имаме подметнување, кое е загрижувачко и долно не само поради стилот, туку и поради импликациите во кои, повторно, се ставаат сосема други личности. Од аспект на целта на текстот, пак, таа е јасна – девалвација на СЈО.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести