verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Батали криминалот, плукај по обвинителките!

on 15 - 02 - 2016       

http___kurir.mk_makedonija_vesti_o 11

[Рецензија: Ова не е право и правда, ова е политика и политизација – и нема да помине]

 

Напаѓачки коментар или извештај од прес-конференција? Текстот се однесува на прес-конференцијата на обвинителките од Специјалното јавно обвинителство и не е ништо друго освен манипулирачки, едностран и крајно пристрасен коментар, „случајно протнат“ во категоријата „вести“.

http___kurir.mk_makedonija_vesti_oЛинк до оригиналниот написОва не е право и правда, ова е политика и политизација – и нема да помине

Датум и време на објавување: 12.02.2016, 15:43

Датум на рецензирање: 13.02.2016

Рецензент: Симона Атанасова

 

ОСАКАТЕН НАПИС

Целта на овој текст е крајна и остра дискредитација на двете обвинителки Ленче Ристовска и Фатиме Фетаи и нивно (неаргументирано) поврзување со опозицискиот СДСМ, а сето тоа за намалување на важноста на Специјалното јавно обвинителство и на првите презентирани резултати од работата на оваа институција.

Написот е „осакатен“ за најважниот дел од прес-конференцијата на оваа институција – акцијата „Титаник“, на која стана збор за покренатите предистражни постапки против високи функционери за злосторничко здружување, повреда на избирачко право, повреда на слободата на гласање, поткуп и за уништување избирачки материјал, а сè за фалсификување на изборите.

Но, затоа написот е „богат“ со епитети за обвинителките како:

„очајно лоши“, „портпароли на политичка партија“, „гневни“ „класична маша“, „жални апаратчици“, „со потреба да се сликаат“.

Преку вакви квалификации се прави силен и неаргументиран удар врз професионалноста на обвинителките и врз резултатите од нивната работа.

Во написот се спомнуваат и експерти, кои, како многупати досега, се невидливи. Нема никаква изјава од експертите, нема ниту аргумент, доказ или факт за нафрлените сериозни обвинувања подолу во тексот.

 

ИЗВРТУВАЊЕ ТЕЗИ

„Гневот кој можеше да се забележи во јавниот настап на обвинителките, политичките пароли и позиции кои ги истакнуваа, квалификациите со кои се дрзнаа да ја оквалификуваат изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ која е резултат на 500 илјади гласови како изборна манипулација, само покажуваат дека се работи за политичка конструкција подготвена во кујните на Бихачка.“

Обвинителките во ниту еден момент за време на прес-конференцијата не спомнаа име на ниту една личност што е предмет на истрага и на ниту една политичка партија. Затоа е нејасно како во текстот коментаторски се заклучува дека нивните изложувања се политичка конструкција која е дело на опозицијата.

Иако обвинителките во своето изложување посочија дека се отворени предистражни постапки, во текстот еднострано и манипулативно се брани партијата ВМРО-ДПМНЕ на која, според напишаното, обвинителките се дрзнале да ѝ  ја извалкаат изборната победа (иако, како што се тврди, постојат докази дека фукнционери од оваа партија фалсификувале избори).

Со оваа објава се прави класично извртување на тезите, се прикриваат важни информации и коментаторски се критикува без понудени факти. Сето ова на јавноста не ѝ овозможува да направи реална слика за тоа за што навистина станало збор на прес-конференцијата на СЈО, туку се манипулира и се покажува целосна политичка едностраност.

Материјалот што го рецензираме и кој заслужува негативна оцена ги наведува читателите да добијат сосема обратна слика од вистинската. Тој ѝ наметнува на публиката да изгради негативен став за Специјалното јавно обвинителство и за тимот на Катица Јанева, чија задача е испитување на сомнежите за криминалот кој, наводно, го правеле високи владини функционери.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

релевантни, нерелевантни

не може да се утврди

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор, ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести