verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Клеветнички текст

on 15 - 02 - 2016       

soros vanhojte 11

 

[Рецензија: За што Милчин и СОРОС бараат „притисок“ од Ванхојте?]

 

Рецензија? Да! Зошто? Клеветнички текст, непоткрепени коментари, обид за изедначување на политичка партија со странскиот посредник во домашната политичка каша, што не само што е омаловажување на конкретната личност, туку е и девалвирање на севкупниот напор на меѓународната заедница за помош за излез на Македонија од кризата.

 1111Линк до оригиналниот напис: За што Милчин и СОРОС бараат „притисок“ од Ванхојте?

 Датум и време на објавување: 10.02.2016

 Датум на рецензирање: 11.02.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

 

 ОБВИНУВАЊА, РАСПНУВАЊА, КОМЕНТАРИ

Да се бара професионализам во бучкуруш од нерагументирани обвинувања, недокажани тврдења, произволни коментари и од медиумско распнување по наредба, е како да се обидуваш да најдеш игла во сено. Значи, невозможна мисија!

Се соопштува за средба меѓу посредникот Ванхауте со неколкумина, меѓу кои и поранешниот прв човек на Фондацијата „Отворено општество“ – Македонијс (ФООМ). Фразата „таен состанок“ не држи вода зашто е демантирана од самиот текст, кој прецизира дека средбата се одржала во локал во скопско Дебар-маало. Состанок во кафеана, кафуле и тоа на едно од најпрометните места во градот, може да е сè освен таен. Со тоа се демаскира наметнатиот впечаток за некаков си „заговор“. Ако се сакала максимална диксреција, гледањето, веројатно ќе било на друго место, на пример, во стан, куќа, приватен имот, а не на јавна локација.

Се забележува и одредена доза контрадикторност – ем се вели дека бил конструктивен работен појадок, ем се пласира:

„Што ли тоа му сервирал Милчин на „независниот екстперт“, за сега нема целосна информација“.

Што е сега работата, има или нема јасни и целосни информации кој што рекол и што му е порачано или сервирано на Белгиецот?! Па, нели се барало да притиска… Јасно е дека се цели на Ванхауте, кој смислено и тенденциозно се квалификува како пристрасен и близок до опозицијата, зашто, нели, грев е да се седи на иста маса со луѓе што не ги делат политиките и вредностите на владејачката партија. А каде се доказите дека ако со некој пиеш кафе, веднаш, по автоматизам, ги споделуваш и неговите ставови? Нормално – нема, рекла-кажала не се бројат.

„Слична поврзаност со СДСМ има и олеснувачот кој што во Македонија е познат по неговата срдечност кон подмладокот на СДСМ, како и по активностите на социјалните мрежи против политиките на македонскиот државен врв.“

Секако, човекот е таргетиран зашто неколкупати јасно кажа што мисли за односот на владејачката партија кон процесот што тој се обидува да го менаџира. Се напаѓа неговото предлог-решение за медиумското прашање, без притоа да се понудат докази, но и преглед што навистина содржат неговите идеи.

Очекувано, кашата не би била целосна ако не се запржи со „озлогласената“ ФООМ, која не би изненадило дури и ако се користи и како некаква си „баба-рога“ за плашење на партискиот подмладок при процесот на индоктринација! Но, кога се говори за Сорос, не би било лошо и да се потсети кој тоа имал средба со „лошиот Џорџ“.

Да бидеме коректни, текстот има и светла точка – имено побаран е одговор, иако претходно со сета сила се шпекулираше, од Ванхауте, но и од поранешниот шеф на ФООМ за тоа за што се разговарало на средбата.

Сепак, малку светлина не може во целост да ја тргне непрофесионалната темница од овој напис.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

креативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести