Лесно е да се манипулира кога нема втора страна
Објавено во Рецензии
on 15 - 02 - 2016 Автор: Ана Анастасовска
[ВИДЕО: СДСМ продолжува со сценариото за креирање на инциденти во Собранието на Република Македонија]
Ова е еден спинерски и коментаторски текст кој има цел да ја претстави опозицијата во негативно светло. Пишуван во тој тон, написот креира слика дека СДСМ ги опструира проектите на Владата.
Линк на оригиналниот напис: ВИДЕО: СДСМ продолжува со сценариото за креирање на инциденти во Собранието на Република Македонија
Датум и време на објавување: 10.02.2016, 22: 29
Датум на рецензирање: 14.02.2016
Рецензент: Ана Анастасовска
НАФРЛЕНИ СОМНЕЖИ, ПРЕТСТАВЕНИ КАКО ФАКТИ
Самиот наслов, како и почетокот од текстот, го наведуваат читателот на тоа дека социјалдемократите креирале инциденти во Собранието за да го попречат донесувањето на законот за формирање нов универзитет во Скопје.
.„.. поради што пратениците од СДСМ, како во изминативе неколку дена, така и вечерва, на секаков можен начин односно преку предизвикување на инциденти, тензии и физички контатк помеѓу пратениците, имаат за цел да го блокираат донесувањето на овој многу важен закон кој ќе значи основање на нов универзитет за национална одбрана, безбедност и мир и кој понатаму ќе треба да продуцира стучен и обучен кадар.“
Вака пренесена атмосферата од седницата на собраниската комисија, во јавноста создава сосема погрешна перцепција за тоа што се случувало во текот на расправата на ова собраниско тело. Треба да се има предвид дека во текстот никаде го нема ставот на опозицијата, па читетелите не можат да разберат зошто пратениците се однесувале така и зошто се противат на предлогот на Владата.
Професионално новинарски е кога некој се напаѓа за нешто, да се побара став од него, а не само еднострано да се пренесуваат информациите.
Но, спинот не застанува тука.
„Очигледно, нервозата кај СДСМ, како се доближува датумот на избори, се повеќе расте и не може да се контролира. Веројатно, на ова влијаеле и денешните резултати од анкетата на Институтот Брима Галуп чии предвидувања се дека СДСМ и на овие предвремени избори убедливо ќе загуби.“
Однесувањето на опозицијата се поврзува со резултати од некоја анкета, ама во текстот не е посочен линк од истражувањето ниту, пак, е посочено конкретно какви биле резултатите.
Она што е нејасно е каква врска има противењето на опозицијата за предлогот на Владата да се формира нов универзитет со предвемените избори? Очигледно, никаква. Идејата е да се прикажат социјалдемократите како лоши, наспроти добрата работлива Влада, која нуди одлични проекти за граѓаните.
И конечно, кој тврди дека опозицијата ќе изгуби на изборите? Во еден новинарски напис не треба да има предвидувања, бидејќи тие не се докази и како такви не можат да бидат потврда за нешто.
„Сепак, само присебноста, смиреноста и професионалноста на пратениците од мнозинството и овој пат не дозволи посакуваното сценарио за СДСМ да се реализира како внатре во Собранието, така и надвор од него.“
На какво сценарио се мисли во текстот? Тука имаме нафрлување сомнежи, а не факти. Се наведува читателот на нешто за што нема потврда од засегнатата страна – опозицијата.
Поради сето ова, слободно може да се каже дека на публиката ѝ е понуден едностран, манипулативен текст кој ја извитоперува вистината, прикажувајќи ја сликата само од аголот на власта.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
делумно
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови