verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Разобличување“ без докази

on 16 - 02 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Латас_ За времето на Груевски кланот З_ - http___vecer.mk_makedonija_latas-z 11

[Латас: За времето на Груевски кланот Заеви свртел 205 милиони евра (ФОТО)]

 

На „текстот“ што е предмет на оваа рецензија, врамен со шпекулативен наслов, му недостига текст. Објавата има само една реченица и е илустрирана со повеќе принтскринови од телопот во вестите на една телевизија со национална концесија. Во овој дневник (10 февруари 2016 година), инаку, гостуваше лидерот на опозицијата, а разговорот го водеше главниот и одговорен уредник на телевизијата.

LatasЛинк до оригиналниот наслов: Латас: За времето на Груевски кланот Заеви свртел 205 милиони евра (ФОТО)

Датум и време на објавување: 10.02.2016

Датум на рецензија: 15.02.2016

Рецензент: Силвана Жежова

 

НАМЕНСКА КОНСТРУКЦИЈА

Единствената реченица во написот  е:

„Латас комплетно го разобличи бизнисот на кланот Заеви.“

И толку. На читателите не ми се дава појаснување како се случило тоа „разобличување“. Прикажани се единствено неколку замрзнати кадри од споменатото интервју, на кои се наведени милионски суми заработка на семејството Заеви. Но, недостигаат факти што ќе ја потврдат вистинитоста на посочените бројки, а не се кажува ниту од каде се тие добиени за читателите самите да проценат дали може да им веруваат.

Исто така, иако податоците се извадени од гостувањето на Заев во дневникот на телевизијата, сепак, не се прикажани и неговите одговори. Тој, пак, во разговорот ја негира бројката од 205 милиони евра и вели:

„Ова не е точно и ова е лага. Зоран Заев има 120 илјади евра вкупен имот без имотот на татко ми.“  (14.09 од видеозаписот

Во објавата недостига и изјавата на Заев за фирмите што се прикажани на принтскриновите во која се вели:

„Вие набројавте половина фирми од Македонија кои што се бизнис партнери.“ (16.55 од видеозаписот)

Очигледно е дека овие моменти од интервјуто се намерно премолчени бидејќи не се вклопувале во концептот на ваквата наменска конструкција, направена со единствена идеја да го извалка угледот на лидерот на опозицвијата. Мотивите, пак, за ваквата постапка немаат допирни точки со новинарството, видливо е дека станува збор за политичка инспирација.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести