Предизборно „билдање“ на патриотизмот
Објавено во Рецензии
on 16 - 02 - 2016 Автор: Владо Ѓорчев[Рецензија: Катица Јанева преку Спасовски од СДСМ го уапси единствениот македонски градоначалник во Албанија]
Текстот е несодржаен, необјективен и сензационалистички. Со спин сака да прикаже некакво антимакедонскo и антидржавно однесување на СДСМ и на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Станува збор за целосна шпекулција во интерес на поттикнување на патриотизмот кај гласачите во пресрет на иборите.
Линк на оригиналниот напис: Катица Јанева преку Спасовски од СДСМ го уапси единствениот македонски градоначалник во Албанија
Датум и време на објавување: 12.02.2016, 14:10
Датум на рецензирање: 15.02.2016
Рецензент: Владо Ѓорчев
ДА СЕ КОМПРОМИТИРА СЈО
Овој напис е ставен во функција на пропагандни и на манипулативни цели. Тој нема апсолутно никави допирни точки со вистината и со основните етички норми во новинарството. Неговата идеја е да го компромитира Специјалното обвинителство. Во прилогот се спинувана наводна блискост на СДСМ со СЈО и се сугерира дека Катица Јанева работи според инструкциите на опозициската партија. За ваквите наводи во текстот не се нудат докази.
Тоа, пак, што Темелко е единствен градоначалник Македонец во Албанија (како што стои во насловот) не значи и дека е ослободен и амнестиран од кривична одговорност.
„Според квалификациите изнесени од специјалното обвинителство, а чие име беше објавено веднаш на опозициските медиуми оркестирано, повеќе од јасно е дека Темелко е дел од политичката хајка најавена од Заев а спроведувана од Катица Јанева.“
Па, иако во коментаторски манир се тврди дека е „повеќе од јасно“ дека е во прашање политичка пресметка, сепак, во написот нема никаква поткрепа и аргументација за изнесените обвинувања. И со ваквиот начин на пласирање на (дез)информациите, прекршени се минимум два члена од Кодексот на новинари:
…Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.
Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.
Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно. (Член 1)
Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот. (Член 1)
Онака како што е напишана и објавена, оваа медиумска содржина има јасна намера да го дискредитира и политички да го обои (во сино) Специјалното јавно обвинителство, импутирајќи му блискост со СДСМ.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
нема лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови