verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Насилство врз новинарските стандарди

on 15 - 02 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

fatime 11

[Рецензија: БЛАМАЖА: Јанева и Фатиме Фетаи тргнаа да оспоруваат победа од 200.000 гласови, а во барањето за притвор навеле 1.400 македонски граѓани кои гласале]

 

Само на два начина може да се оцени оваа медиумска сторија: како дилетантска наива или како политички инструирана содржина која има цел да ја искриви реалноста. Првата опција, дилетантска наива, отпаѓа, зашто доминира намерата да се спинува и да се исполитизира настапот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) по секоја цена, дури и по цена на сопствена професионална дискредитација.

Како поинаку да се протолкуваат новинарска постапка која манифестира крајно непознавање на темата за која се известува, како и отсуство на намера да се конслутираат закони или експерти за да се разјаснат работите.

Еве зошто: Во Кривичниот законик на Република Македонија кривичните дела против изборите и гласањето се опфатени во глвата 16, односно од членот 158 заклучно со членот 165. Ниту еден од нив не определува колку граѓани треба да бидат опфатени со кривичните дела опфатени во оваа глава.

Тоа значи дека и еден глас да биде стекнат врз основа на кривични дела против гласањето и изборите, сторителот ќе биде подложен на мерките што се опфатени со членовите што се однесуваат на оваа материја.

За ова, веќе рековме, или се консултираат закони и процедури или се бара мислење од експерти. Ништо од тоа нема во оваа „сторија“.

Во секој случај, вака стокмена и со предумисла да ги искриви фактите и реалноста, оваа медиумска содржина врши насилство врз новинарските стандарди.

02142016-Denesen-FFatimeЛинк до оригиналниот напис: БЛАМАЖА: Јанева и Фатиме Фетаи тргнаа да оспоруваат победа од 200.000 гласови, а во барањето за притвор навеле 1.400 македонски граѓани кои гласале

Датум и време на објавување: 13.02.2016, 10:09

Датум на рецензирање: 14.02.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

КРАЈНО ПРИСТРАСНА ПОЗИЦИЈА

Единствената намера што произлегува од оваа сторија е да се дискредитираат настапот и аргументите за покренување кривична постапка за основано сомневање за кршење на речиси сите членови од глвата 16 од Кривичниот законик на Република Македонија, која опфаќа кривични дела против гласањето и изборите на високи владини функционери и службеници и други лица. Но, во недостиг од сериозна аргументација или експерти што ќе ги оспорат наводите на Специјалното јавно обвнителство, авторите на оваа содржина го омаловажуваат стилот на една од говорничките на оваа прес-конференција.

Таквото „новинарство“ оддава крајно пристрасна позиција, полна со неодржливи коментари, несоодветни на објективна професионална работа.

Оваа објава дури и си дозволува алузии кои имаат сериозна шовинистичка црта  – кога издвојува и става во неодржлив контекст полуреченица од настапот на една од јавните обвинителки, која изрази потреба покренувањето на обвинителниот акт да го објасни со речник разбирлив дури и за малите деца.

За да биде иронијата видлива, овој текст токму тоа го потврдува: некому ниту тој јазик и стил не му доволно разборит за да ја сфати сериозноста и тежината на делата за кои СЈО се произнесе дека постојат основани сомневања.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести