verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Од петни жили се брани формирањето на новиот универзитет

on 11 - 02 - 2016       

СДСМ со тешки опструкции_ Насилно спре_ - http___kurir.mk_makedonija_politik 11

 

 

[СДСМ со тешки опструкции: Насилно спречуваат формирање на универзитет за национална безбедност]

 

Каде се втората страна, содржајноста, објективноста во овој текст? Такво нешто тука нема. Па, како тогаш можеме да зборуваме за професионален производ кога ги игнорира овие најбитни моменти за една информација.

sdsm univerzitetЛинк до оригиналниот напис: СДСМ со тешки опструкции: Насилно спречуваат формирање на универзитет за национална безбедност

Датум и време на објавување: 7.02. 2016, 11:00

Датум на рецензирање: 08.02.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

А КАКВИ АМАНДМАНИ ПОДНЕЛА ОПОЗИЦИЈАТА?

Написот што го рецензираме е коментаторски скроен и ја турка тезата дека СДСМ сака да предизвика нова политичка криза.

„Тие не сакаат да се донесе одлука и да се формира универзитетот со цел да се предизвика нова политичка криза. За тоа немаат никакви аргументи, но затоа се бучни, се закануваат и поднесуваат бесмислени амандмани со цел да ја блокираат работата на Собранието и формирањето на универзитетот.“

За ваквите обвинувања текстот не нуди соодветна аргументација. Тоа што пратениците од опозицијата биле бучни, не значи и дека провоцираат политичка криза. Ни поднесувањето голем број амандмани не може да се стави во таков контекст.

Исто така, треба да се има издржано образложение за да се  каже дека:

„Поднесените 980 амандамни немаат никаква логика и се тотално бесмислени.“

Имено, од написот не може да се разбере конкретно какви амандмани поднела опозицијата и зошто се тие проблематични (нелогични, бесмислени). Исто така, работата на пратениците е да поднесуваат амандмани и да се трудат да ги подобрат законските предлози. И, тоа воопшто не е спорно.

 

НЕОДГОВОРЕНИ ПРАШАЊА

Материјалот пред нас, инаку, не се занимава со тоа како овој закон за новиот универзитет се најде пред пратениците. Не прашува дали имало јавна дебата за тоа? Во него, пак, не може да се најде ниту информација дали има елаборат за овој универзитет. Опозицијата упати до Владата повеќе прашања на оваа тема, но и тие ги нема во текстот:

„Како опозиција, ја прашуваме владата зошто не е поднесен до пратениците Елаборатот за формирање на универзитет на разгледување? Исто така и каде е одлуката на одборот за акредитација со која се дава мислење за нов Универзитет? Зошто сеуште се држи во тајност составот на одборот за акредитација?“

СДСМ објасни зошто се противи на ваквата идеја, ама овој партиски  став се игнорира во текстот:

„СДСМ и опозицијата нема да дозволат создавање на нови факултети чија единствена цел е вдомување на партиски јуришници на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО ДПМНЕ уште еднаш шверцерски сака да ја протне и оваа одлука без да се испочитуваат законите и процедурите во оваа држава…“

Од друга страна, тезата дека „СДСМ како ќе се ближи датумот до избори толку посилно ќе работи на кревање на тензии во Собранието и предизвикување на инциденти“, може да се гледа и од поинаков агол. Само,  тогаш прашањето што треба да се постави би било:  Зошто пред секои избори владејачката партија „штанца“  проблематични закони? Неговиот одговор, пак, би ја исцртал вистинската слика (или барем контурите) за причините зошто овој владин проект ја поткрена атмсферата во македонскиот парламент.

Но, оваа објава не дава такви одговори, туку од петни жили го брани предлогот на владејачката партија.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни, нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести