verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Да се исплашиш од пристрасноста

on 27 - 01 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Напис: Дали СДСМ се плаши од пораз на изборите?

Опозицијата бега од конфронтација со народот, нејзиниот лидер побара да има избори, доби гаранција од еврокомесарот Хан и од ДИК дека можат да се одржат слободни и демократски избори, но пак бара нивно одложување.

 

Зоран Заев неколкупати го менува ставот, дава контроверзни изјави и ги гази зборот и потписот дадени во Пржино.

 

Дека СДСМ бега од изборите потврдија и нејзините медиумски експоненти. Бранко Тричковски во својот последен напис објавен во „Слободен печат“ призна дека опозициската партија може да победи само при наместени избори.

 

„Изборите ќе имаат смисла само ако не се кристално чисти, односно ако се наместени во полза на борбата против злото“, пишува Тричковски.

 

Бранко Героски, освен што јавно побара одложување на изборите, повика и на протести за да нема избори.

 

[Рецензија: Дали СДСМ се плаши од пораз на изборите?]

Предизборната кампања неофицијално веќе долго време е почната. Со почеток на кампањата, како и под влијание на политичката криза, излегуваат на површина и цела низа вести и контравести, нешто што сега веќе стана практика во нашата земја. Меѓутоа, најчеста појава остануваат конфронтациите врз основа на политичката ориентација, сето тоа преку текстови преполни со коментари и без факти, кои само ја деградираат новинарската професија.

A po frikësohet LSDM ja nga humbja në zgjedhjeЛинк до оригиналниот напис:Дали СДСМ се плаши од пораз на изборите?

Датум и време на објавување: 17.01.2016

Датум на рецензирање: 20.01.2015

Рецензент: Ферикан Илјази

Во поголемиот дел од вестите што се објавуваат од некои портали, јасно се гледа дека најмногу се напаѓа македонската опозициска партија, во споредба со албанските партии во опозиција. Таков пример е и рецензираната вест. Во овој текст новинарот ја презема улогата на бранител на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што текстот го напишал во стилот на нивните конференции за печат и на изјавите на нејзините членови, кои секогаш употребуваат една иста конструкција на речениците: „Опозицијата бега од изборите…“, „Заев бега од изборите…“, „СДСМ бега од изборите“.

„Опозицијата бега од конфронтација со народот, нејзиниот лидер побара да има избори, доби гаранција од еврокомесарот Хан и од ДИК дека можат да се одржат слободни и демократски избори, но пак бара нивно одложување.“

Стилот на пишување, сличен на јавните говори на ВМРО-ДПМНЕ, доаѓа до израз и во овој параграф.

„Зоран Заев неколкупати го менува ставот, дава контроверзни изјави и ги гази зборот и потписот дадени во Пржино.“

Овие реченици наликуваат на една масовна кампања против СДСМ. „Заев дава контроверзни изјави…“ „Заев го прекрши Договорот од Пржино…“

Со невидена леснотија се даваат мислења и коментари за одредени јавни личности.

„Дека СДСМ бега од изборите потврдија и нејзините медиумски експоненти. Бранко Тричковски во својот последен напис објавен во „Слободен печат“ призна дека опозициската партија може да победи само во наместени избори. „Изборите ќе имаат смисла само ако не се кристално чисти, односно ако се наместени во полза на борбата против злото“, пишува Тричковски.

Бранко Героски, освен што јавно побара одложување на изборите, повика и на протести за да нема протести.“

Во овој ранлив политички период, новинарите треба да го сочуваат својот професионализам. Во вакви услови, тоа можеби не е најлесната работа, но сепак би била најблагородната работа. Во новинарството има многу јасни и едноставни чекори за тоа како да се сочува и да се негува професионализмот.

Овие чекори се набројани и во етичкиот Кодекс на новинарите во Македонија, и во тие на која било земја во светот. Треба да се пишува само врз основа на факти. Новинарите треба да бидат непристрасни. Треба да зборуваат со факти. И, на крај, да не пишуваат по нарачка, затоа што така не само што ќе го извалкаат своето име како новинар и кредибилитет како човек, туку и негативно ќе влијаат и врз медиумот за кој работат.
Ефектот на едно такво новинарство, полно со коментари, можно е да влијае негативно и врз другите колеги и независни и професионални медиуми.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести