verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Пропагандата и неточноста го испраќаат новинарот во пензија

on 25 - 01 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

download (3)

Напис: Али Ахмети испрати во пензија уште еден премиер

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, по тројцата поранешни премиери, изгледа дека испрати во пензија уште еден македонски премиер. Тој во една емисија се изјасни дека е убеден оти Груевски ќе ја напушти владата меѓу 10 и 15 јануари, што денеска се запечати со оставката на Груевски како премиер на Македонија, известува Тетова сот.

Премиерите што ги испрати во пензија Ахмети се Бранко Црвенковски, Хари Костов, Владо Бучковски и вечерва си отиде и Никола Груевски.

Инаку премиерот Никола Груевски рече дека утре, преку еден допис, ќе ја достави својата оставка до претседателот на Собранието, Трајко Велјановски. /Тетова сот/

[Рецензија: Али Ахмети испрати во пензија уште еден премиер]

Сензационалните наслови може да привлечат поголем број читатели, но остануваат празни доколку не го претставуваат  текстот објективно.

download (2)Линк до оригиналниот напис: „Али Ахмети испрати во пензија уште еден премиер”

Датум и време на објавување: 14.01.2016

Датум на рецензирање: 20.01.2016

Рецензент: Џенис Сулимани

Оваа рецензија се однесува на веста насловена „Али Ахмети испрати во пензија уште еден премиер“, која зборува за најавата на Никола Груевски за оставка од позицијата премиер. Според сите факти и околности на одвивање на настаните, Али Ахмети нема врска со „пензионирањето“ на Никола Груевски.

„Премиерите што ги испрати во пензија Ахмети се Бранко Црвенковски, Хари Костов, Владо Бучковски и вечерва си отиде и Никола Груевски.“

Новинарите може да дадат свои процени, но не смеат своите убедувања да ги камуфлираат како факти, правејќи на тој начин промоција на една политичка фигура и да ја вршат должноста на спин-доктор. На Ахмети му се припишуваат патриотски атрибути и храброст, тврдејќи дека, преку тоа што го пренесува текстот меѓу редови, е извршена една голема и позитивна мисија.

На овој начин текстот добил една промотивна улога, што не е мисија на новинарството. Новинарската мисија е информирање засновано на факти, според кои потоа јавноста сама ќе дојде до заклучоци.

Од друга страна, текстот не е комплетен и обидувајќи се да ја возвиши фигурата на Али Ахмети, го остава читателот без основните информации за оставката на Никола Груевски и причините зошто се случило тоа. Не се објаснува дека оставката во Собрание е резултат на Договорот од Пржино и, што е најважно, не се истакнува политичката криза во земјата за која се одговорни сите фактори. Газејќи го вака професионалниот етички кодекс, текстот што го рецензираме е типичен пример дека кога недостига информацијата, производот станува неточен и во овој случај и промотивен.

На читателот треба да му се пласира комплетна, точна информација, проверена од најмалку два извори, за истата да биде што пообјективна. Еден ваков пристап кон новинарските производи би влијаел за тоа текстовите да придонесат во дезориентација на јавноста.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

Не

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести